Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Ѓинќиќ – 11 години по убиството, се уште во политичките кампањи

0
By Нова ТВ on March 12, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Годишницата од смртта на претседателот на владата на Сбрија и лидер на Демократската партија, Зоран Ѓинќиќ, кој беше убиен во атентат 2003. година, во Србија ќе биде одбележана со низа манифестации.

После 11 години од убиството неговите политчки наследници не можат да се договорат – чиј е денеска Зоран Ѓинѓиќ.

Во актуелната кампања на Демократската партија има спот со изјава на Ѓинѓиќ, ЛДП користи кокументарни материјали во кои граѓаните го молат Јовановиќ „да не го изневери Ѓинѓиќ“, додека Тадиќ изјавува дека „Ѓинѓиќ би бил згрозен кога би ја видел снимката на својата партија“.

Тоа се случува во предизборните кампањи во Србија, а кој беше Ѓинѓиќ… Тој беше првиот демократски избран премиер на Србија, по падот на режимот на Слободан Милошевиќ.


На власт дојде по парламентарните избори во Србија во 2000 година, како долгогодишен претседател на Демократската партија. Официјално премиер стана на 25 јануари 2001 година.

Србија за време на својот мандат ја доведе во центарот на вниманието на европската и светската јавност, а според оценките на западните дипломати, тој придонесе за изградба на добри односи со западните земји по периодот на повеќегодишната изолација на Србија.


Владата на Ѓинѓиќ ја почна соработката со Хашкиот трибунал и за време на неговиот мандат, во согласност со меѓународните обврски уапсени се неколку лица обвинети од Судот, меѓу кои и поранешниот претседател на Србија и на СРЈ Слободан Милошевиќ.

Неговата Влада во тогаш разорената земја ја собори годишната инфлација од 41 на 15 отсто, со воведување на цврста монетарна политика, со која динарот повторно стекна вредност, а кон крајот на 2001 година забележан а стопански раст од 5,5 проценти.

Но, поради сето тоа Ѓинѓиќ стекна и голем број непријатели. По неколку неуспешни обиди за атентат, тој е убиен на 12 март 2003 година пред зградата на Владата на Србија.

Веднаш по убиството српската Влада прогласи вонредна состојба и ја покрена акцијата „Сабја“ во рамките на која беа уапсени, а по три и пол годишен процес и осудени припадниците на „Земунскиот клан“, како организатори и извршители на убиството.

Ѓинѓиќ, кој е роден на 1 август 1952 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.