Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Кардула повторно на Ex Mondo во Рим

0
By Нова ТВ on November 4, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од најдобрите наши дизајнери Зоран Кардула, повторно ќе изложува во Рим.

Изложбата Ex Novo е втора фаза од проектот Ex Mondo посветен на големиот Предраг Матвејевиќ. Изложбата е организирана од Асоцијацијата Липа и ќе се одржи во галеријата Гард во Рим. Отварањето е на 9 ноември, симболично поврзано со датата кога паѓа берлинскиот зид од кога и почнува новата ера со префиксот ЕХ.

Рецензијата на World Ex ќе биде отворена со изложбата која собира заедно меѓународни уметници: Алесандро Цафардини, Зоран Кардула и Жана Станкович ( италијански уметник и дизајнер, македонски графички дизајнер и украински фотограф). Карактеристика на сите вклучени уметници, е нивната способност да го преиспитаат артефактот, да им дадат нов живот на секојдневните предмети.

-И во првата фаза учествував со самостојна изложба насловена како „Изложба без жири“, со илустрации од моите Ех ју редизајни, и еве, и оваа година добив покана да бидам дел од втората фаза исто со илустрации, но сега збогатени и со дел од спомениците на Југославија посветени на борбата против фашизмот. Тема која е доста актуелна во ова време во кое живееме, вели Кардула за Фронтлајн.

Првата изложба во 2018 година се состоеше од 40 избрани дела од Зоран Кардула, внимателно одбрани постери (селектирано од преку 180), што ја одразуваа ироничната и храбра употреба на симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера.

Според италијанските медиуми, Зоран Кардула е еден од најеклектичните македонски графички дизајнери, а за инспирациите што Кардула ги користи во своите дела, велат:

Југопластика, Искра, Тесла, штафетите на Тито се фрагменти од една ера што, иако изгребани и навредени од војни, раскажуваат за радосни и среќни искуства, за големи културни, научни, социјални, индустриски, комерцијални, спортски достигнувања.

Организаторот компарирајќи ја сродноста на уметничкиот израз помеѓу Матвејевиќ и Кардула, ќе додаде:

-Особеноста помеѓу Матвејвиќ и Кардула се открива во ненасилна борба, во страст, во свеста дека уметноста и литературата може да создадат мостови меѓу луѓето насекаде.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.