Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто е неисплатлива брзата пруга на коридорот 10 кон Србија и Грција?

0
By Zoran Ivanov on June 12, 2025 ЕКОНОМИЈА, ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако Орбан има интерес овде, нека инвестира самиот во пругата, а да му ја дадеме ние ПОД КОНЦЕСИЈА за период од три или четири децении. Ако не сака Орбан, нека инвестира Британија, Кина, Србија или кој и да е друг заинтересиран, СОПСТВЕНИ средства и нека ја користи, а не да се задолжуваат македонските граѓани во нерентабилен проект.

 Бојан Блажевски

Денес има вкупно четири патнички возови на релацијата Солун-Атина-Солун. Така е и со години наназад во возните редови, бидејќи грчките граѓани се незаинтересирани за користење на железничкиот сообраќај. По глава на жител и вкупен број на превезени патници со воз, статистиките на Евростат покажуваат дека Грција е на самото дно помеѓу земјите-членки на ЕУ. Тоа што возот (4 часа и 50 минути) е побрзо превозно средство од автобусот меѓу Солун и Атина (минимум 5 и пол часа) и од автомобилот (минимум 5 часа), не го менува однесувањето на грчките граѓани. Најмалку 10 автобуси на КТЕЛ патуваат меѓу овие два града, како што има и најмалку 15 летови дневно.

Говориме за градови како Солун кој има над 800.000 жители и Атина со над 3 милиони жители. Имаат двојно повеќе жители од цела Македонија, а транспортните навики со децении наназад им се сконцентрирани на автомобилот како главно превозно средство. ЕУ инвестираше во брзата пруга Солун-Атина, по која денес може да се патува и со брзина до 200 километри на час. НО, ова не ги промени транспортните навики на грчките граѓани.

Да не зборуваме за МЕЃУНАРОДНИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ. Грција денес, како и Македонија, нема ниту еден меѓународен воз кон некоја соседна земја. И кога имаше воз меѓу Скопје и Солун, бројот на патници и во летните месеци не беше поголем од 30 лица. Едноставно кажано, меѓу грчките и македонските граѓани има минорен интерес да се користи возот како превозно средство.

Од друга страна, јужно од Скопје долж Коридорот 10 не се наоѓа ниту еден поголем град од 50.000 жители. Со исклучок на Велес, граѓаните од другите градови речиси и да не го користат возот како превозно средство. Возовите од Скопје кон/од Гевгелија, вкупно 2 на број во денот, се полни со патници меѓу Скопје и Велес, а празни на останатиот дел од патувачката рута.

НЕМА ДОВОЛНО БРОЈ НА ЖИТЕЛИ, НИТУ ПАК ИНТЕРЕС кај граѓаните на Македонија и Грција за патување со воз на релација Скопје-Солун. Патувањата од земјава кон Грција се сведени на викенди и за време на три месеци од годината (јуни-август), додека во останатиот дел од годината бројот на патувања е МИНОРЕН. Ова пак прави проблем со рентабилноста при пуштањето во употреба на патничките возови.

Некој ќе каже дека треба да се огледаме како пример на брзата пруга Белград-Нови Сад, каде по нејзиното пуштање во употреба има над 40 поаѓања на патнички возови дневно. НО, не смее да се заборави дека и пред изградбата на брзата пруга, меѓу овие два града имаше многу голем интерес за патување со воз, изградена култура и свест меѓу граѓаните, а со тоа и десетици возови дневно на претходната обична пруга.

Токму поради ова, македонската влада треба ДЕТАЛНО да направи студии за проучување на транспортните навики и потреби ПРЕД да се впушти во изградба на брзата пруга. Јас можам само да ТВРДАМ дека овој проект ќе е НЕИСПЛАТЛИВ ЗАГУБАР, кој ќе донесе мала корист, а ГОЛЕМА задолженост за земјава. Од вакви проекти, Грција банкротираше.

Разбирам дека власта е блиска со Виктор Орбан, кој пак има мегаломански идеи да ја претвори Унгарија во логистички хаб на Кина на европско ниво. За тоа пак е потребна новата пруга и тоа е една од причините поради кои го добивме унгарскиот кредит лани. НО, ако Орбан има интерес овде, нека инвестира самиот во пругата, а да му ја дадеме ние ПОД КОНЦЕСИЈА за период од три или четири децении. Ако не сака Орбан, нека инвестира Британија, Кина, Србија или кој и да е друг заинтересиран, СОПСТВЕНИ средства и нека ја користи, а не да се задолжуваат македонските граѓани во нерентабилен проект.

Лани по нашите пруги се превезле едвај 1 милион тони стока. Кина веќе девет години го има пристаништето во Пиреја во своите раце, а долгонајавуваниот силен раст во превозот на кинески стоки со воз изминативе години никако да дојде.

Да заклучам, идејата за било какви кредити од 2 или повеќе милијарди евра во идна брза пруга на Коридорот 10 треба да се сосече од корен. Тоа е нов „Скопје 2014“ на актуелната влада. Треба да се инвестира во железницата кај нас, да се реконструира постојната пруга од Табановце до Гевгелија, како и во проекти како што е доградба на пругата кон Бугарија, изградба на пругата Кичево-Охрид-Струга, електрификација на нашите пруги, железничко поврзување на Кавадарци кон Коридорот 10.. Од овие проекти, Македонија би имала далеку поголема корист од тоа да му градиме брза пруга на Виктор Орбан!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бојан блажевски брза пруга колумна коридор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.