Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто е време Македонија да гласа поинаку!?

0
By Нова ТВ on October 21, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Eлена Николовска

Глобалните температури продолжуваат забрзано да растат, Светот е потопол за 0,8°С. Климата се менува и соочени сме со најекстремните временски услови што некогаш сме ги виделе. Во меѓувреме во Бон државите и граѓанскиот сектор сеуште наидуваат на огромни несогласувања околку текстот на меѓународниот договор за климатски промени кој сите земји ќе треба да го потпишат во декември во Париз.

Меѓународната мрежа на граѓански организации за акција за климатските промени (CAN) своите најголеми забелешки ги упати на адреса на Националните придонеси кон климатските промени (INDC). Најголемите еколошки организации во светот велат дека на националните придонеси им недостасува амбиција за позначајно намалување на емисиите, искористување на обновливите извори на енергија и долготрајна цел за спречување на климатските промени.

Моменталните национални придонеси нема да бидат доволни за да се задржат глобалните температури под 2°С. Дури и ако сите држави успеат да ги исполнат ветувањата зацртани во националните придонеси, Светот ќе се затопли за катастрофални 3°С.

Македонија веќе ги предаде своите национални придонеси во кои се предвидени три сценарија според кои емисиите на земјата ќе бидат во пораст до 2030, по овој период е предвидено да се намалат за 30% – 37% зависно од сценариото.

Останува нејасно како ќе се постигне овој процент на намалување на емисиите бидејќи новата стратегија за енергетика на земјата предвидува изградба на нова термоелектрана на јаглен и модернизација на ТЕЦ „Осломеј“ за да користи увозен јаглен. Енергетскиот сектор тврдоглаво продолжува да ја гледа иднината во јагленот, наместо да им даде шанса на обновливите извори на енергија.

„85-90% од емисиите на сулфур диоксид во Македонија доаѓаат од термоелектраните во Битола и Осломеј. Секоја година поради загадувањето од термоелектраните во Битола и Осломеј од бронхитис заболуваат 60 деца.“ – стои во публикацијата за економска проценка на ефектите по човековото здравје и животот во Македонија на Еко Свест.

Лигнитот или кафеав јаглен кој се ископува во Македонија е највалканата опција на јаглен во исто време со најмала вредност на согорување, 3000- 4800 калории.

Покрај влијанието на порастот на глобалните температури и здравјето на луѓето, лигнитот е погубен за животната средина и биодиверзитетот. Пепелот од согорувањето на јагленот се разнесува низ ветарот, се впива во почвата и ги загадува водите.

„Земјите мора јасно да се обврзат на долгорочна цел за напуштање на фосилните горива и 100% искористувње на обновливите извори на енергија, меѓутоа и да бидат појасни и попрецизни во начинот на кој планираат да ја постигнат оваа долгорочна цел“ – рече Патрик Бонин од CAN.

Како мала земја во развој очигледно е дека на Македонија ќе и биде потребна финансиска помош од развиените земји во достигнување на оваа цел, меѓутоа пред се потребна е политичка волја за национални придонеси кои ќе содржат повеќе бројки, подетално објаснување како земјата планира да ги достигне тие 30% намалување на емисии на стакленички гасови.

На последните избори во Канада кои завршија неделава, либералната партија го доби мнозинството пратенички места и после 10 години ја напуштија конзервативната партија.

Еколошките организации присутни на преговорите во Бон ја прославија веста за победата на либералите во Канада, особено поради фактот дека досегашниот премиер Стивен Харпер одбиваше да ја напушти индустријата со јаглен, и поради тоа на климатските преговори на Канада како деветти најголем емитер на стакленички гасови и се забележуваше за недоволната амбиција за намалување на емисиите на земјата.

„Либералот Жастин Трудо кој победи на изборите во својата изборна програма вети дека Канада ќе поднесе нов документ за национални придонеси на земјата со силна и амбициозна долгорочна цел за напуштање на фосилните горива“ – рече Патрик Бонин од Гринпис Канада.

Фактот дека и Македонија е пред парламентарни избори, гласно зборува дека можеби земјата конечно треба да се оттргне од политичари кои досега немаат добри одлуки кога станува збор за животната средина и намалување на климатските промени.

Каков и да биде исходот на крајот од преговорите во Бон и финалната верзија на текстот на меѓународниот договор кој државите ќе треба да го потпишат во Париз, достигнувањето на крајната цел ќе биде обврска на државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.