Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Јанкуловска и МВР молчат за корупцијата во судството?

0
By Нова ТВ on July 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот Самка Ибраимовски денеска пред новинарите праша зошто МВР и министерката Јанкуловска не реагираат за корупцијата во случајот Интермаркет.

Ибраимовски соопшти дека деновиве е соочен со барање за наплата на пресуди за случајот Интермаркет за коишто постојат наводи дека се криминални.

„Уште пред 5 години испратена е ургенцијата до Секторот за организиран криминал а запознаена е и министерката Јанкуловска лично во нејзиниот кабинет, дека пресудите што ги донесе Основниот суд во Тетово, според овој документ, се коруптивни. Но, досега нема никаква реакција од МВР. Во известувањето до МВР е приложен документот на којшто се потпишани тројца најголеми акционери во фирмата Интермаркет.

– Акционерите потврдуваат дека тогашниот директор Сашо Мазнески им барал пари за како што им рекол издејствувани позитивни пресуди во основните судови, Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд.

– Мазнески, според акционерите кои се подготвени и лично да го кажат ова пред надлежните органи, со 14 илјади евра потплатил судии да донесат пресуда во негова полза.
Што е ова, ако не е е корупција во судството, една од најкритикуваните области во сите извештаи на Европската унија?“, прашува Ибраимовски.

Тој од министерката Гордана Јанкуловска и од директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков јавно побарал најсериозно да го разгледаат овој коруптивен случај, срам за македонското судство.

Да потесетиме, во 2006 кога Самка Ибраимовски беше актуелен заменик-министерот за труд и социјална политика судот во Тетово присилно ја исели “Униус ИС”, фирмата на Ибраимовски од просториите на “Интермаркет”.

Во образложението на пресудата пишуваше дека Ибраимовски изминативе години бесправно го управувал имотот на “Интермаркет”, иако не бил доминантен сопственик. Судот утврдил дека вистински газда на “Интермаркет” е Петре Димовски, поранешен директор и еден од најголемите акционери во компанијата.

Реакција од МВР на пресот на пратеникот Самка Ибраимовски:

МВР целосно ја почитува професионалноста и независноста на судската власт и нема да си дозволи мешање и коментирање на работата на судовите.

Министерството крајно сериозно го разгледува секој случај и секогаш се постапува согалсно нашите ингеренции.

Кривични пријави, согласно законот, поднесуваме врз основа на обезбедени докази, а не врз основа на нечии желби или нарачки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.