Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто муслиманите не излезат на улица да ги осудат терористичките напади?

0
By Нова ТВ on March 24, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто муслиманите не излезат масовно на улица да ги осудат терористичките напади? Ова е прашањето што често може да се чуе во Европа во овој период на тероризам кој Европа го живее.

Исмаел Саиди, 39 години, поранешен полицаец, режисер, верник и син на марокански имигрант во Белгија, даде одговор на ова прашање на својот Фејсбук профил и на што реагираа речиси 1.500 луѓе.

Саиди стана познат низ цела Европа по неговата театарска претстава “Џихад” ставена на сцена во декември 2014 година. Во претставата три момци кои не го вадат од уста Куранот иако ниту еден од нив не го читал, решаваат да одат во Сирија за да ги спасат своите муслимански браќа. Патот кој ги води од Брисел до Сирија се претвора во вистински хаос.

Претставата стана хит и ја доби поддршката на белгиската влада која смета дека вакви популарни дела се најдобрата педагогија во борбата против радикализацијата на младите муслимани во Европа.

Текстот е напишан еден ден по нападите во Брисел.

“Зошто муслиманите не излезат масовно на улица да ги осудат терористичките напади?

Затоа што ние ги возиме такси возилата кои од вчера бесплатно го возат населението …

Затоа што ги негуваме повредените во болниците…

Затоа што ги возиме амбулантните коли кои летаат како комети по нашите патишта во обид да го спасат она што останува од животот во нас….

Затоа што ние сме на рецепциите на хотелите кои бесплатно им нудат гостопримство на минувачите….

Затоа што ние ги возиме автобусите, трамваите и метроата за да може животот на продолжи, иако е ранет…

Затоа што ние сме секогаш во потрага по криминалците под нашите одежди на полицајци, истражувачи, судии…

Затоа што ги плачеме и нашите исчезнати…

Затоа што ние не сме поштедени…

Затоа што ние сме двојно, тројно ранети …

Затоа што истата вера роди џелати и жртви…

Затоа што ние сме исцрпени, загубени и се обидуваме да разбереме…

Затоа што ноќта ја поминавме на прагот на нашите порти да го чекаме оној кој нема повеќе да се врати…

Затоа што ги броиме нашите мртви…

Затоа што сме во жалост…

Остана само тишината…”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.