Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто САД веќе не се заинтересирани за Украина?

0
By Zoran Ivanov on March 18, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали на Трамп му е сеедно каква ќе биде политичката судбина на Украина? Вакви индиции има сѐ повеќе. Сигурно е едно – Киев не е главен приоритет во надворешната политика на САД.

Астрид Пранге

Се заканува трговска војна со Кина и Европа, царински спорови со соседните земји на САД, Канада и Мексико, војна во Газа, пад на берзите и протести против масовни отпуштања во неговата земја: американскиот претседател Доналд Трамп се бори на многу фронтови истовремено.

Во таквото кризно сценарио, се наметнува прашањето дали САД ќе ја пуштат Украина „низ вода“? Се чини дека потврден одговор е само прашање на време.

По неодамнешните, досега неуспешни обиди за постигнување договор за привремен прекин на огнот меѓу Киев и Москва, многу фактори укажуваат на едно такво загрозувачко сценарио.

Трамп: „Украина можеби нема да преживее“

Самиот Доналд Трамп неодамна го отвори ова прашање. Во интервју за американската телевизија Фокс Њус по скандалот во Белата куќа, водителката Марија Бартиромо го праша дали може да се справи со тоа дека Украина би можела да не ја преживее војната со Русија. Трамп одговори дека „можеби Украина и онака нема да ја преживее војната. За војна се секогаш потребни двајца. Оваа војна не требаше ни да започне, но почна. И ние сме сега среде таквата збрка“.

Рубио: „Украина мора да направи отстапки“

Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио, за време на сослушувањето од страна на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат на 15 јануари годинава, јасно стави до знаење дека судбината на Украина не е највисок приоритет во надворешната политика на САД. Републиканецот објасни дека САД и натаму стојат зад своите најблиски сојузници, а експлицитно ги спомна Израел и Тајван, но не и Украина. Наместо тоа, Рубио рече дека „глобалните прашања кои не им служат на интересите на САД, како што се Украина и развојната соработка, се преиспитуваат“. „Украина мора да направи отстапки, а секој цент од помошта за странство треба внимателно да се преиспита во однос на искреноста и ефикасноста“, рече Рубио.

И Бајден ја отфрлаше можноста за американски војници во Украина

Надворешнополитичкото повлекување на САД почна уште пред првиот мандат на Трамп. „Ниту еден од претходниците на Трамп никогаш не се обврза да се бори за Украина“, потсетува Штефан Вертхајм, експерт за надворешна политика при Карнеги фондацијата за меѓународен мир, во гостинска објава во британскиот весник „Гардијан“. Американскиот претседател Џо Бајден експлицитно ја отфрли можноста за испраќање американски војници во Украина. „Ниту еден сојузник на НАТО директно не ја бранеше Украина“, посочува Вертхајм.

Причината за ова е очигледна. „Тоа би значело војна со Русија“, пишува Вертхајм и додава дека тоа е „перспектива која сепак може да ги одврати сојузниците на НАТО, без оглед на тоа што се случува во Украина“. Дури и ако Европејците не сакаат да го чујат ова, Вертхајм смета дека е разбирливо што САД под водство на Трамп не сакаат да се обврзат да војуваат за Украина во иднина.

Украина како „курбан“?

Експертот за Русија, Штефан Мајстер, пак, е крајно критичен во однос на одбивањето на Трамп да даде безбедносни гаранции. „Трамп така многу ја влоши сопствената преговарачка позиција, но и онаа на Украина“, објаснува тој во интервју за Зидвеструндфунк. „Зошто Москва да прави компромиси за кое било прашање кога американскиот претседател веќе нуди половина од она што Русија го бара?“, се прашува Мајстер.

Тој е шеф на Центарот за управување во Источна Европа, Русија и Централна Азија при Германското друштво за надворешна политика. Мајстер стравува дека Украина едноставно може да биде прегазена при подесувањето на руско-американските односи. „Мојот впечаток е дека на Трамп на крајот на денот не му е многу грижа за Украина“, додава тој. „Од перспектива на САД, Украина може едноставно да биде курбан што ќе им се даде на Русите за да се добијат други работи“, вели Мајстер.

„Договор“ без Европа

Во таквите „други работи“ можеби се вбројуваат темите што ги спомена американскиот државен секретар Марко Рубио во неговиот говор пред Комисијата за надворешна политика на американскиот Сенат: Израел и мирот на Блискиот Исток, односите со Кина, справувањето со Иран и конечно и зближувањето меѓу Вашингтон и Москва.

Американскиот автор Роберт Каган веќе нема никакви илузии. „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека САД веќе не се подготвени да ја бранат Европа“, вели во интервју за неделниот весник „Ди Цајт“ поранешниот републиканец, кој советувал неколку американски претседатели.

Прастарата американска идеја за ангажман за демократија во другите региони во светот, е целосно туѓ концепт за Трамп, смета Каган, кој заклучува оти Трамп „се чини дека нема скрупули и без Европејците да склучи договор со криминалниот режим на Путин“.

Текстот е сопственост на Дојче веле.мк

 

не сака Трамп укрина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.