Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Звукот на привикнувањето

0
By Zoran Ivanov on May 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2026 10:22

Ова не е неуспех. Ова Е системот.

Џабир Дерала

Ова е процес на (повторно) заробување. Веќе не станува збор за идеолошки или – да бидеме посовремени – судир на вредносни системи, бидејќи идеологијата и вредносните системи исчезнаа од општествениот, јавниот и политичкиот дискурс. Не гледаме ниту судир на визии за иднината: погледот на општеството е закован во ретровизор – вкочането гледање во минатото, поточно во неговите илузии и лаги.

Дали пишувам за земја во јужниот дел на Западен Балкан, во Југоисточна Европа, наречена Северна Македонија? Публиката распрсната низ сите меридијани ќе препознае многу сличности насекаде. Но да – ова е текст најмногу поттикнат од македонските прилики и неприлики.

Земјава одамна ја помина границата на тоа што може да се нарече политика.

Во еден организам се споени политичките кланови на власта, олигарсите, елитниот криминал и инсталациите на авторитарната оска однадвор. Тоа не е политика. Тоа е организам чија функција е да го задуши општеството, а државата ја искористи како фабрика за правење пари.

Дебатата, главна одлика на демократското живеење, е сведена на вештачки спектакл со галерија од исти ликови што ротираат низ студијата на мејнстрим медиумите. Нема веќе ни владеење, туку само дневно менаџирање и евтин, а скапо платен пи-ар. Парламентот одамна ја изгуби (ако воопшто некогаш успеал да ја стекне) функцијата на претставување. Изборниот процес е театар. А по изборите – настапува окупација.

Зад бучавата, навредите и фабрикуваниот гнев, постои систем. Систем во кој корупцијата не е исклучок, туку правило. Во кој криминалните мрежи не се кријат во сенка, туку седат удобно на масата со власта — или се самата власт. Во кој влијанијата на авторитарните центри на моќ не се одбиваат, туку се пречекуваат со широко отворени раце, затоа што се препознаваат како „наши“.

Така се празни суштината на една држава одвнатре. Не со тенкови, туку со договори зад кулисите. Не со отворено насилство и репресија, туку со цинична насмевка на бирократскиот апаратус, а пресметката со тие што се погласни се спроведува преку судско-полициски прогон и медиумски линч. Така се стигнува до општество без разговор и без дебата. Општество обележано со длабок молк. Со лојалност кон профит, неказнивост и контрола.

И за сето тоа ќе кажат дека е нормално. Дека „сите го прават тоа“. И дека „не постои алтернатива“. Не се плашат ни од разобличување. Лесно го контролираат – преку окупација на медиумите, судството и финансискиот сектор.

Успешно ги маргинализираат сите што ги именуваат нештата со нивните вистински имиња. Фактите ги замаглуваат, а наместо нив воведуваат систем што се потпира на лаги. Ако не успеат да ги задушат фактите и вистината, внесуваат конфузија и страв.

Некој, можеби во Брисел, ќе рече дека ова е неуспех на системот. Не, тоа не е точно.

Ова Е системот.

Општеството е во трка со времето. Се приближува кон точката од која нема враќање. Или ќе останеме хибернирани во лагите – под седативите на митовите за гордост, нација, историја и измислени непријатели – или овој систем ќе биде именуван и демонтиран. Без илузии. Без еуфемизми. Без компромис.

Но може сѐ да остане како што е. Чкртањето со заби не мора секогаш да значи револт. Може да биде и звукот што го произведува кравата додека пасе трева. Звукот на привикнувањето.

Времето на молкот истекува во многу општества низ светот. Следното поглавје ќе го пишуваат оние што ќе одбијат да се прилагодат. Дали новото поглавје ќе се испише и во оваа земја, зависи од тоа колкумина ќе одбијат да живеат на колена и ќе се исправат на двете нозе.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.