Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче посочи дека актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија.
ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса
Воедно, Филипче потенцираше дека посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта во Македонија, која ќе се реализира непосредно пред самитот за Западен Балкан во Подгорица, е уште еден сигнал дека проширувањето повторно е високо на агендата на Унијата.
„Апелирам да му кажаме на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, дека ќе го направиме следниот чекор, дека ќе ги направиме уставните измени, имајќи предвид дека пред една година, кога претседателот Кошта беше тука и јасно кажа, не постои план Б, постои само еден план А, а тој план е преговарачка рамка која што е веќе усвоена од сите земји членки на Европската унија“, порача Филипче.
Тој додаде дека ова е еден од пресудните временски периоди во кои што проширувањето на Европската Унија е високо на приоритетната листа.
„Очигледно е дека по повеќе параметри станува збор за еден од пресудните временски периоди во кои што проширувањето на Европската Унија дефинитивно и со конкретни чекори е високо на приоритетната листа на Унијата. мено, веќе се разговара за конкретни модели почеток на процеси кои што ќе значат придружување на Украина, на Молдавија, понатаму активирање на повторно иницирање на референдумот во Исланд за да се продолжат преговорите“, изјави Филипче.
Во своето обраќање, Филипче посочи дека и земјите од Западен Балкан веќе прават сериозни исчекори во евроинтегративниот процес и предупреди дека Македонија не смее да остане надвор од пакетот за прием.
„Веќе е формирана комисија која што го пишува пристапниот договор за Црна Гора, напредокот на Албанија. Веќе се разговара за буџетирањето во Европската Унија и тоа се периоди од седум години. Ако не влеземе во овој план на Европската унија, тогаш вратите очигледно е дека ќе бидат затворени“, рече Филипче.
Мицкоски да не го користи нон-пејперот на Мерц како алиби за неисплнување на реформите
Мицкоски да не го користи нон-пејперот на германскиот канцелар Фридирх Мерц, како алиби за неисполнување на реформите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција.
Филипче порача дека последните сигнали од Европската Унија уште еднаш потврдуваат дека постои политичка волја за проширување, но предупреди дека Владата не смее да бара нови изговори за застој на евроинтегративниот процес.
„Денеска видовме уште еден сигнал дека постои волја за проширување во Европската унија, тоа е нон- пејперот од германскиот канцелар Мерц. Иако има луѓе кои што не се согласуваат со тоа, а тоа е постепено членство, учество во институциите на Европската Унија, и тоа не е дефинитивен документ кој што е усвоен од Европската Унија и очигледно нема да биде усвоен затоа што има несогласување. Апелирам премиерот Христијан Мицкоски да не го користи овој нон- пејпер како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори, кои што како што сите укажуваат, не може да бидат променети“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче порача дека СДСМ е подготвен да ја сподели одговорноста за спроведување на уставните измени и за целиот понатамошен тек на преговорите со Европската Унија.
„Ја споделуваме одговорноста Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и јас лично, целокупната коалиција која што СДСМ ја предводи, да ги направиме уставните измени и после тоа да седиме заедно на маса, додека траат преговорите, додека се отвораат и затвораат преговорите по поглавјата“, порача Филипче.
Мицкоски да не ја ризикува иднината на младите, заедно да ја преземеме одговорноста за уставните измени
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го повика Христијан Мицкоски на заедничко преземање на одговорноста за уставните измени, заради иднината на младите и државата.
„Апелирам до премиерот Христијан Мицкоски заеднички ја преземеме одговорноста и ја споделуваме одговорноста за спроведување на уставните измени и понатаму за текот на преговори и за каков било предизвик со којшто ќе се соочиме. Да не го испуштиме моментот. Ќе останеме надвор од сите процеси. Ќе останеме слепо црево на Балканот. Ќе останеме без буџети. Нема да имаме од што да преживееме овде во државата. Младите сите ќе заминат оттука ако запре овој процес вака“, рече Филипче.
Филипе нагласи дека сите политички чинители треба заеднички да работат на процесот на евроинтеграции и додаде дека не постои ризик за македонскиот идентитет.
„Не постои ризик по ниту една идентитетска одредница. Доколку сега го пропуштиме овој воз, ја пропуштиме оваа можност. Апелирам да му кажеме на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека ќе го направиме следниот чекор, дека ќе ги направиме уставните измени, имајќи предвид дека пред една година, кога претседателот Кошта беше тука и јасно кажа, не постои план Б“, потенцираше Филипче.
Филипе повика државата да испрати јасна порака до европските институции дека ќе ги направи сите потребни чекори за да продолжи европскиот пат.
„Денеска видовме уште еден сигнал којшто е сигнал дека постои волја за проширување во Европската унија. Тоа е ноун пејперот од германскиот канцелар Мерц. Апелирам премиерот Христијан Мицковски да не го користи овој ноун пејпер како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори коишто како што сите укажуваат, не може да бидат променети. Ја споделуваме одговорноста. Да ги направиме уставните измени и после тоа седиме заедно на маса, додека траат преговорите, додека се отвораат и затвораат преговорите по поглавјата“, рече Филипче.
Скандал е протекувањето информации, и Стоилковиќ е соработник на српските служби и „Ноќните волци“ на Путин, тоа е концептот на
Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска рече дека протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска е скандал кој мора да се расчисти и да има одговорност, потенцирајќи дека не е изненаден затоа што има и вицепремиер кој е соработник на српските служби.
„Тоа е скандал којшто треба да се расчисти. Да има такво протекување на информации како што пишува во медиумите од земја членка на НАТО е најмалку на ниво на скандал и тука луѓе треба да преземат одговорност вклучувајќи ја и претседателката. Но, тоа мене не ме изненадува. Ние имаме вицепремиер, соработник на српските служби Стоилковиќ, кој има комуникација со „Ноќните волци“,блиски на Путин. Тој на дневна основа вади информации надвор од земјава. Така да се е тоа ова владеење, се е тоа концептот на оваа власт.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.




