НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЛСАТ: ДУИ вечерва му ги испрати своите забелешки на СДСМ

0
By Нова ТВ on February 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алсат ТВ јави вечерва дека ДУИ доцна попладнево му го вратила на СДСМ предлог-законот за албанскиот јазик но не за да го одбие предлогот туку со предлог нацрт закон за употреба на албанскиот јазик. Телевизијата се повикува  на партиски извори.

Понатаму Алсат пишува дека се дискутирало и за форматот на новиот закон за употреба на албанскиот јазик, кој треба да биде не само во согласност со Уставот, туку и во интерес на Албанците.

“Имено, се инсистира на промена на формулацијата „јазикот што го користи најмалку 20% од населението“ во насока на нејзина промена со формулација каде недвосмислено ќе биде наведено дека станува збор за албанскиот јазик. Друга важна точка е зборувањето на албанскиот јазик во институциите, а тоа да се преслика и во пишана форма. Во Собранието и покрај тоа што пратениците Албанци во моментов добиваат преводи на одредени закони, тие никогаш не се пропратени со печат и потпис како и во македонската верзија.

Во владата пак, албанскиот јазик актуелно ниту се зборува, ниту се пишува. Алсат дознава дека овие посебни забелешки покренати на синоќешниот состанокот меѓу Ахмети и Села денеска биле ставени на поширока дебата на ниво на уставни експерти, ангажирани во согласност на двете страни. Кога евентуално прашањето за албанскиот јазик двете страни во разговорите би го прифатиле, односно ДУИ и Движењето за реформи во ДПА од една и СДСМ од другата страна, тогаш ДУИ би го свикала своето раководство за да се донесе одлука околу потписите.

По оваа фаза, како што дознава Алсат, би продолжиле разговорите со СДСМ во врска со министерствата и предлог-имињата за разните владини функции.”

Порано денес Ахмети изјави дека наскоро ќе има резултат и конкретен одговор за нова влада и дека во документите испратени од СДСМ до ДУИ не содржат «некакви атомски бомби“, туку дека се работи за конкретни прашања кои се однесуваат на интересите на Албанците и нивниот правен и политички статус.

„Се прават сите анализи во партијата. Ве уверувам дека документот не содржи атомска бомба. За сите детали ќе бидете информирани. Се работи за конкретни прашања за албанските интереси и ние правиме анализи. Мислам дека секоја избрзана реакција и одговор би имале фатални последици“, изјави Ахмети.

Ахмети исто така изјави дека ДУИ нема да избрзува со одлуката, а потврди и дека синоќа за актуелните состојби разговарал и со Зијадин Села.

Во случај ДУИ да му ги даде потписите на СДСМ, тогаш партијата на СДСМ би требало да го добие мандатот, а двете страни би ги почнале уставните 20 дена за договарање на другите прашања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.