Од:

Анкета на ИРИ: 63% од граѓаните ја поддржуваат работата на СЈО

Политичката нестабилност во Македонија расте и довербата во инститициите опаѓа, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон.

Според ИРИ, 21% од граѓаните го поддржуваат Никола Груевски, кој и натаму е прв на листата на политичари, но неговата поддршка е намалена од 23%. Поддршката кон Зоран Заев е зголемена за еден процент, од 8 на 9%.

На прашањето доколку денес би се одржале парламентарни избори за кого би гласале, 27% одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, пренесе Телма.

Според оваа анкета, поддршката за претседателот Ѓорѓе Иванов е намалена од 4 на 2%. Дури 64% од испитаниците не ја одобруваат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичарите вмешани во скандалот со прислушувањето.

Институција со најголема доверба пак е новоформираното Специјално јавно обвинителство за кое 63% од анкетираните се изјасниле дека ја поддржуваат неговата работа.

Анкетата на ИРИ покажала дека 20 проценти повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 проценти е зголемен и бројот и на оние кои се убедени дека Македонија оди во погрешен правец.

Песимизмот околу политичката состојба се чини дека е предизвикан од однесувањето на Владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, велат изработувачите на истражувањето од ИРИ, пренесе Гласот на Америка.



Comments are closed.