Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беќировски: Законските измени гарантираат безбедни лекови

0
By Менче Атанасова Точи on January 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 11, 2018 14:28

За да се спречи можниот влез на фалсификувани лекови, за сигурни безбедни лекови добавувачите на лекови ќе мора да обезбедат сертификат за квалитет директно од производителот, сетрификат од акредитирана и референтна лабораторија и сда достават доказ за следливост од местото на производство до крајната испорака. Ова го содржат измените на Законот за лекови кои поминаа на Влада и се наоѓаат во Собраниска процедура. На овој начин начин ќе се зајакне нивото на сигурност на лековите што се носат со паралелниот увоз, изјави Роберт Бекироски, директор на Агенцијата за лекови.

„Во изминатите месеци го зајакнавме и инспекцискиот надзор така што и сите инсулини што беа донесени со паралелен увоз на лекови детално и поединечно беа инспектирани и во соработка со референтни лаборатории овозможени се услови за нивна комплетна анализа. Моментално и во иднина врз инсулините ќе се вршат целосни анализи согласно пропишаните барања за квалитет“, изјави Бекироски.

Тој потенцира дека во изминатите месеци, инспекторите откриле поединечни пакувања од фалсификуван лек за што во Основното јавно обвинителство веќе се води истрага.

Беќировски објасни дека за тие лекови од соодветна лабораторија се докажало дека станува збор за фалсификувани лекови и тие не биле пуштени во употреба.

Паралелниот увоз на лекови е воведен во 2012 година, а со измените од 2013 година стана генератор на несигурност и недоверба кон здравствениот систем од страна на пациентите и здравствените работници.

„Имајќи го предвид тоа и објективните слабости на тоа законско решение во соработка со експертската јавност се зафативме со изготвување на измени во регулативата со која се регулира начинот на реализирање на паралелниот увоз на лекови. Измените се во собраниска процедура и очекувам во многу кратко време да бидат имплементирани во нашето законодавство“, рече Бекироски.

Друг сегмент на кој посветиле внимание е функционирање на системот за следење на несакани ефекти од употребата на лековите и медицинските средства, кој не функционирал како што треба. Доказ за тоа, потенцира, се само 48 пријави евидентирани од јануари до октомври 2017 година.

Беќировски рече дека за надминување на оваа ситуација е оформена работна група која ја сочинуваат клинички и болнички фармацевти од различни здравствени институции, кои поминале обука и продолжиле да ги применуваат добиените сознанија, а како почетен резултат од таа активност за период од два месеци бројот на пријави е зголемен на над 100 и се очекуваат уште позначајни резултати.

Беќировски порача дека гарантира дека инсулините кои биле пушени во промет во изминатиот период се со проверен квалитет и увери дека во иднина ќе обезбедат уште поквалитетни инсулини.

Агенција за лекови Беќироски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.