Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данкан за Македонија: Без транспарентност нема демократија

0
By Нова ТВ on February 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 23, 2017 12:12

„Брзо имплементирање на реформските приоритети“ е една од пораките што британскиот министер за Европа и Америка сер Ален Данкан ќе им ја пренесе на власта и на партиските лидери во Македонија.

За време на посетата на Македонија денеска и утре ќе се сретне претседтелот Ѓорге Иванов,  со претседателите на парламентарните партии, со невладиниот сектор и со претставниците на Специјалното јавно обвинителство.

Пред доаѓањето во Скопје, Данкан објави блог на македoнски јазик на страницата на британското Министерство за надворешни работи во кој ја објаснува целта на посетата.

– Откако Обединетото Кралство изгласа да ја напушти Европската Унија, често добивам едно исто прашање од луѓето кои ги среќавам надвор од земјата: – Што значи ова за мојата земја? Мојот одговор е секогаш ист – Британија ќе ја напушти Европската Унија, но ние не ја напуштаме Европа.

Сакам оваа порака да ја донесам на мојата прва посета на Македонија. Нашата посветеност кон Западниот Балкан е цврста. Секретарот за надворешни работи јасно го порача ова за време на неговата неодамнешна посета на регионот, исто како и Премиерката во нејзиниот говор за Глобална Британија, пишува Данкан во блогот.

Тој истакнува дека неговата посета се случува во „особено клучен момент во македонската политика“, кога во тек се преговори за нова влада, по како што вели неодамнешни избори кои беа без јасно решение.

-Во ниту еден случај Британија нема да се меша во она што се ваши внатрешни прашања, не наши. Доаѓам во Македонија за да ги ислушам лидерите на сите ваши политички партии и да испратам една јасна и едноставна порака: Обединетото Кралство е голем пријател на Македонија и ќе продолжиме да ја поддржуваме секоја влада на Македонија која ќе работи на битни реформи, пишува Данкан.

Тој понатаму истакнува дека за надминувањето на пречките за членство во ЕУ и НАТО ќе треба одлучност, политичка решеност и несомнено некои многу тешки одлуки, а политичарите ќе треба да ги надминат разликите кои ја создадоа сегашната политичка криза и да се посветат на демократијата и потребните реформи за да ја повлечат земјата кон напредок.

Како битен елемент тој ги истакнува реформите, но и транспарентноста, без која како што вели не може да постои демократијата.

-Таквата отвореност не е со цел да биде закана или омаловажување за политичарите и јавните функционери. Напротив, таа ни помага да го претставуваме нашиот народ. Исто така важи дека не може да ги прифатите демократските вредности без активно и динамично граѓанско општество и судски систем независен од политичко влијание, истакнува британскиот министер за Европа и Америка пред посетата на Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.