Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бразилските инсулини на анализа – неизвесни се донациите со инсулин

0
By Менче Атанасова Точи on December 13, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 13, 2017 17:06

Неизвесно е, дали компанијата ќе обезбеди донација од инсулини чија вредност е 900 000 евра на месечно ниво. Од претставништвото на Новонордиск се воздржани за коментар додека не заврши истрагата, но потврдија дека има недостиг од овој тип инсулини 

Во Македонија во моментот има недостог од инсулините „Левемир„ и „Новомикс 30“ од компанијата Новонордиск од Данска. Но, не се се знае дали проблемот ќе се реши со донации иако од Министерството за здравство најавија дека така ќе го решат недостигот , дознава НОВА.

Пратките се стопирани бидејќи беа откриени инсулини, од истатата компанија, но од бразилско производство кои досега не биле носени во државата бидејќи нема такво Решение. Во државата стигнале преку паралелен увоз и веднаш откако с е откриени пратени се на анализа да с е види дали по состав се исти со оригиналните и дали тоа што го пишува на кутијата е веродостојно.

Од претставништвото на Новонордиск се воздржани за коментар додека не заврши истрагата, но потврдија дека има недостиг од овој тип инсулини, како и дека се работи на решавање на случајот.

„Додека не стигнат анализите се воздржуваме од коментар“, одговорија кратко од претставништвото на Новонордиск.

Извори на НОВА кои се упатени во оваа проблематика објаснуваат дека Новонордиск има свое производство во Бразил и официјален сајт. Но, со оглед на фактот дека овие инсулини стигнале од Турција преку паралелен увоз, не може да се знае какви варијации имале, односно каде се стоеле и какви промени претрпеле. Од тие причини, мора да се испита што содржат во себе, дали тоа што го пишува на кутијата одговара на составот, како овие инсулини стигнале во Македонија.

Неизвесно е, дали компанијата ќе обезбеди донација од инсулини чија вредност е 900 000 евра на месечно ниво. Колку од оваа светски позната компанија ќе гледаат сериозно на земјата која е пред портите на ЕУ, а постојано бара донации. Ова, особено поради фактот што претходната донација од 780 000 евра, (во време кога минатата година имаше недостиг на инсулини), екс министерот Тодоров не сакаше да ја потпише и да ја прими.

Неофицијално, дознаваме дека надлежните ќе бараат бразилските инсулини да се испитаат во независна лабораторија во Лондон или Париз. Од Агенцијата за лекови нема потврда за оваа информација, а повеќе детали не се соопштуваат.

„Според информациите кои беа изнесени во претходниот период во јавноста кои се поврзани со инсулините внесени со паралелен увоз во Македонија, во консултација со здравствените институции и здруженијата на пациенти со дијабетес, иницирани се и во тек се комплетни анализи на квалитативниот и квантитавниот состав на внесените количевства на инсулините. До завршување на комплетните анализи, не сме во можност да дадеме повеќе информации. МАЛМЕД максимално работи на зацртаниот принцип дека на пациентите ќе им обезбеди квалитетни и безбедни лекови“, се вели во одговорот од Агенцијата за лекови(МАЛМЕД)

НОВА веќе објави дека сомнителни инсулини од Бразил се пронајдени во пратките кои требало да им бидат испорачани на инсулинските аптеки за потребите на пациентите со дијабетес, по што биле стопирани испораките.

Информацијата ја потврдија во Министерството за здравство,. Од таму најавија дека спорните инсулини се пратени на испитување во лабораторија на Фармацевтскиот факултет и дека недостигот со инсулини ќе го решаваат со донации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.