НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири бебиња починале во една вечер на Клиниката за гинекологија

0
By Менче Атанасова Точи on September 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири новороденчиња починале на Клиниката за гинекологија ноќта меѓу четврток и петок минатата недела, дознава НОВА од свои извори на клиниката. Докторката, педијатар  која била таа вечер на дежурство привремено е суспедирана од работа додека не се расчисти случајот со починатите бебиња, потврдија од Министерството за здравство. Од таму информираат дека  веќе формирале комисија која ќе го испита случајот, а санитарната инспекција денеска вршела вонреден надзор на Клиниката за гинекологија.

Од Министертвото за здравство потврдија дека била пријавена смрт на четири новороденчиња во една вечер, за кои велат дека биле со ниска гестациска возраст, односно предвремено родени или со претходно констатирани мултиоргански засегања и застој во растот.

„Едното новороденче било родено 25 недела со екстремен прематуритет, второто е родено во 27 недела со мултиоргански засегања и невролошка симптоматологија од централен тип, додека другите две биле родени во 29 недела, од кои едното со претходно утврден застој во растот, интраутерино, и четвртото со предвремено прснат воденик и бактериурија кај мајката. Веднаш по добивање на информацијата, МЗ формираше комисија за стручен надзор и времено е суспензирана докторката, која била на дежурство таа вечер, се до донесување конечен заклучок на Комисијата за стручен надзор, кој се очекува да биде готов во текот на денешниот ден. Исто така, денеска (петок), инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонреден надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство, по што јавноста ќе биде информирана за донесените мерки за унапредување на работата во оваа ЈЗУ.“, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Неофицијално, НОВА од свои извори на клиниката дознава дека дежурната докторка, педијатар ја напуштила клиниката во 15 часот и 30 минути, а смртта на првото бебе се случила во 15 часот и 45 минути кога докторката не била присутна. Дури кога и било јавено за смртта на бебето наводно се вратила назад. Таа била видена и од директорката и од вработени во ходникот како облечена во цивил, без мантил излегува надвор. Но, никој од нив не знаел дека таа е дежурена и дека требала да биде на своето работно место.

Неофицијално, докторката е сопруга на гинекологот против кој е покрената кривична пријава бидејќи девет месеци лажел пациентка дека е бремена, а и тој е суспендиран од гинекологија. Директорката Викторија Јовановска доцна попладне ја потврди информацијата.

Од Министерството за здравство велат дека во моментов се посебно фокусирани на изготвување посебна стратегија, со дефинирање конкретни мерки и активности за унапредување на гинеколошката здравствена заштита на Клиникатата за гинекологија и акушерство во Скопје, како и во сите породилишта во државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025

Петнаесет земји повикаа на признавање на Палестина, бараат прекин на огнот и го осудуваат Хамас

July 30, 2025

ЕУ ѝ одобри 835 милиони евра на Хрватска за реформи и инвестиции

July 30, 2025

Ројтерс / Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 40 отсто

July 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

ВЕСТИ July 31, 2025

Соединетите Американски Држави денес воведоа санкции врз претставници на Палестинската самоуправа (ПА) и членови на…

Загреб: Голема воена парада за 30-годишнината од операцијата „Бура“

July 31, 2025

ФБИ пронајде илјадници тајни документи за „наводните“ врски на Трамп со Русија во 2016 година

July 31, 2025

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

July 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.