Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијабетичарите си кратат од инсулините за да има за сите

0
By Менче Атанасова Точи on December 27, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 27, 2017 14:30

Како да се преживеат празниците и да има доволно инсулин за сите. Оваа мисла ги мачи дијабетичарите кои велат дека ги „цепкаат“ инсулините за да има за сите и да траат што подолго. Иако беше ветено донациите на инсулини ќе траат месец и половина, дијабетичарите ја кратат терапијата за да има за сите пациенти кои се зависни од инсулин.

„ Нема нови инсулини, уште се од донација. Утринава наместо шест, земав три пенкала за мене, оставив три за некој друг што му е потребно. Вчера дадов четири пенкала, одиме по селата на деца им носиме. Вие не знаете како е дете да остане без инсулин, родител да оди по болници ноќе да моли“, изјави Димче Велев претседател на здружението „Шеќерче Лилипоп“, од Велес кои утринава му испратија писмо на премиерот Заев, да ја прекине агонијата и да стави крај на инсулинската криза.

Ова е документот од кој се гледа дека Димче Велев утринава не го подигнал она што му следува, шест пенкала со инсулин, туку земал само три инсулини од донацијата, за да има за некој друг.

 

На овој начин или преку социјалните мрежи си помагаат и си позајмуваат инсулини луѓето со дијабетес кои с е зависни од инсулин. А, ги има околу 40 000 во државата, од нив околу 500 се деца.

И Вера Милошевска Гладкова раскажува дека утринава подигнала инсулин Новомикс 30, кој е донација од Ново Нордиск. Оваа 60 годишна се плаши за својот живот бидејќи не знае до кога ќе го има инсулинот во аптеките.

„ Утринава кога земав инсулин, од оригиналниот од донација аптекарката ми дека од утре нема да има и не се знае до кога ќе нема бидејќи борбата за тендер ќе траела долго и не се знае колку долго ќе трае кризата со инсулин. Овој инсулин што ни го донирале е пред истек на рокот, до април 2018. Аптекарката ми потврди дека открила една кутија која поминала низ неколку земји, Бразил, Сирија, Турција и го пријавила во Агенција за лекови. Се ова штос е случува со инсулинот ми е многу сомнително и не знам што да мислам. Најверојатно си играат некакви игри, а ние пациентите страдаме“, изјави за НОВА Вера Милошевска Гладкова.

Од друга страна портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска изјави дека нема инсулинска криза и оти има доволно залихи на инсулин.

„Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза“, изјави Бошњаковски, најавувајќи дека новиот министер наскоро ќе излезе на прес-конференција и јавноста ќе има повеќе информации за овој проблем.

Се огласија и од Министерството за здравство. Од таму тврдат дека инсулинска криза нема.

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека во Република Македонија НЕМА инсулинска криза. Преку донација од компанијата производител се обезбедени доволни количества инсулин во земјава. Министерството ги уверува болните од дијабетес, кои имаат потреба од инсулин дека може да бидат спокојни, бидејќи овој лек го има“, се вели во соопштението од ресорното министерство.
Од таму потенцираат дека проблемот кој го имале  неодамна било причина повеќе Министерството да почне со изработка на ново законско решение.
“Овој процес кој веќе е во тек, односно веќе се работи на системско решавање на овој проблем и создавање предуслови, со кои ќе спречиме во иднина да се јавуваат вакви или слични проблеми, бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во Република Македонија“, велат од Министерството, без да објаснат за каков проблем станува збор.

НОВА неофицијално објави дека надлежните правеле тендер за инсулини во четири очи иако постоечкиот тендер  важи до јуни 2018 година. Која е причината за ова нема објаснување од надлежните. Анализите на последната пратка на инсулини се завлекоа цел месец од непознати причини, а Министерството за здравство не излегло до сега со официјални информации да објаснат што се случува и зошто настана инсулинската криза.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.