Излезноста на изборите на национално ниво до 13:00 часот изнесува 34,83%, соопшти на прес конференција Државната изборна комисија.
Од ДИК велат дека тие немаат сознанија за нарушувања на изборниот процес и според нив изборите се одвиваат мирно и без посериозни неправилности.
„Досега имаше пријави за заштита на личното избирачко право, од граѓани кои не биле потпишани на избирачкиот список, утврдено е дека граѓаните се наоѓаат на список со спорни записи но не поднеле до ДИК пријава за овој проблем. Сите граѓани беа известени и за оваа постапка ДИК водеше интензивна кампања, првиот рок за пријавување истече во август, а граѓаните имаа уште една можност до 10-ти ноември да пријават доколку имаат ваков проблем“, велат од ДИК.
Од ДИК соопштија дека имаат прелиминарни податоци за вчерашното гласање, но тие официјално ќе бидат соопштени во текот на денот.
Излезноста по изборни единици до 13:00 часот е следна: ИЕ1: 38, 74%, ИЕ2: 33,71%, ИЕ3: 38,62%, ИЕ4: 39,09%, ИЕ5: 33,55% и ИЕ6: 23,82%.