Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Диме Спасов отворил Центар за слепи деца иако во Велес такви нема

1
By Менче Атанасова Точи on August 9, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 9, 2017 18:31

Поранешниот министер за труд и социјала Диме Спасов  пуштил во употреба Центар за деца со оштетен вид од предучилишна возраст во Велес иако такви деца во овој град нема. Центарот е пуштен во употреба во октомври 2015 и скоро две години не профункционирал од причина што во Велес не е регистрирано ниту едно дете со оштетен вид до шест години.

И не само тоа, во овој Дневен центар кој пред две години свечено го пуштија во употреба Спасов и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, како и градоначалникот Димитар Чадиев воопшто нема ниту еден вработен.

Пуштање во употреба на Дневниот центар за деца со оштетен вид во Велес

Од друга страна, во Велес се регистрирани околу 30 деца од предучилишна возраст со различен вид на попреченост за кои не постои Дневен центар. Од тие причини директорката на Центарот за социјална работа, Азиза Џини побарала согласност од Министерството  за труд и социјала, Центарот за деца со оштетен вид од предучилишна возраст да се пренамени во Дневен центар за деца со пречки во развојот од предучилишна возраст.

„ Нема деца со оштетен вид од предучилишна возраст во Велес. Јас им кажав  дека имаме деца со посебни потреби на кои им е потребен ваков Дневен центар, но тие одлучија да биде за деца со оштетен вид. Дури ми беше срам и изјава да дадам кога го пуштаа во употреба. Тоа беше објект на Агенцијата за вработување кој со инвестиција од општината и донација беше реновиран и опремен, но не предвиделе нови вработувања. Таму е потребна медицинска сестра и дефектолог“, изјави за НОВА Азиза Џини, директорка на Центарот за социјална работа во Велес.

Барање за пренамена на Дневниот центар во Велес

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тогашното раководство најави дека Министерството за труд и социјала  и општината обезбедиле 1,5 милиони евра за овој Дневен центар. Беше најавено дека Ценатрот ќе има капацитет од 25 места, а во него првично ќе бидат сместени 12 деца со оштетен вид од Велес и дека очекуваат  бројот на деца кои ќе го посетуваат да се зголеми.

Во Министерството за труд и социјала велат дека се запознаени со проблемот и  врз основа на споменатата анализа на терен, ќе се преоцени потребата за пренамена на овој Дневен центар, согласно утврдените потреби на децата на територијата на Општина Велес.

Но, овој Дневен центар кој спектакуларно беше најавен во јавноста од претходната власт не е единствениот во државата кој стои со клуч на врата. Во повеќе градови во државата реновирани и изградени се повеќе различни центри за лица со посебни потреби кои никогаш не профункционирале бидејќи во нив нема вработени.

Пуштање во употреба на Ценатрот во Штип

Спасов тогаш изјави дека се изградени 27 центри и најави изградба на уште седум.  НОВА истражуваше и дојде до податоци дека никогаш не профункционирал  Дневниот центар за деца со посебни потреби во Богданци иако е реновиран и опремен, но во него нема вработен кадар.

Не функционира ниту Дневниот центар за деца со аутизам во Охрид кој е опремен и реновиран, но не работи бидејќи нема вработени. Никогаш не профункционирале ниту  Дневните центри во Неготино, Македонска каменица, Гевгелија од причина што во нив нема вработени. Во Центарот Штип има двајца вработени, но дознаваме дека се несоодветен кадар за работа со овие деца.

Се  градело без план и стратегија, но и покрај тоа објектите се пуштале пред медиумите, се сечеле ленти од страна на Диме Спасов и од тогашниот премиер Никола Груевски.

Центарот кој бил предвиден за деца со церебрална парализа во Кисела Вода во февруари годинава бил отстапен на вработените од Центарот за социјална работа и таму сега е сместена администрацијата.,

Од Македонска Каменица  децата со посебни потреби патуваат во Делчево бидејќи Дневниот центар кој бил два –три пати пуштан во употреба нема вработени и воопшто не е отворен.

Ставање на камен темелник во Дневниот центар во Македонска Каменица

Овој Дневен центар било планирано да го посетуваат 60 деца. Директорот на Центарот за социјални работи во Делчево за НОВА вели дека не знае дали воопшто е комплетиран овој центар во Македонска Каменица и рече дека од Советот на општината ќе бара да биде префрлен во надлежност на Министерството з а труд и социјала.

„Дневниот центар за деца со посебни потреби воопшто не е ставен во функција, а не знаеме ниту дали е  комплетиран  со инвентар и опрема“, изјави за НОВА Николче Захариевски, директор на Центарот з а социјална работа во Делчево, под чија надлежност е и Македонска Каменица.

Груевски и Ибрахими го пуштаат во употреба Центарот во Македонска Каменица

Вработените во Центарот з а социјална работа во Неготино исто така потврдија дека Дневниот центар за деца со посебни потреби не функционира.

„Не е отворен Центарот воопшто и не можеме да бараме нови вработувања кога не функционира“, потврдија вработените од таму.

Во Министерството за труд и социјала потврдуваат дека постојат случаи каде што се завршени градежните работи и опремување на дневни центри за деца или лица со посебни потреби, но тие не функционираат затоа што откако се изградиле и опремиле не се обезбедил стручен кадар.

„Практично, постојат празни објекти, кои биле свечено отворани, но не се вработил кадар за да може да даваат услуги на лицата за кои биле наменети. Такви случаи се во Неготино, Македонска Каменица, Охрид и Гевгелија.

Изградбата, пак, на ваков објект во Штип, првично била договорена со градоначалникот, при што се утврдила локација. МТСП започнало со премер и проценка на буџет, но постапката запрела откако се утврдило дека посочениот објект не е сопственост на општината, туку на Министерството за култура“, велат од стручните служби во ова Министерство.

Центарот во Велес оставен на забот на времето

Од МТСП посочуваат дека во претходниот период отворањето на овие центри не се засновало на претходно направена анализа за потребите на граѓаните за оваа форма на заштита.

„Моментално, Министерството за труд и социјална политика заради унапредување на заштита на овие ранливи категории спроведува анализа за потреби на граѓаните во местото на нивното живеење, а воедно  воспостави и соработка  со граѓанските здруженија со цел да се утврдат реалните потреби на оваа ранлива категорија. На овој начин се овозможува стратешкото планирање на министерството да одговори на потребите на граѓаните за да добијат соодветни услуги во местото каде што живеат“, велат од Министерството за труд и социјала.

Дневниот ценатр во Македонска Каменица не функционира, нема вработени

Од таму ја потенцираат и соработката со Делегацијата на ЕУ во Скопје од каде е обезбедена е експертска помош за ревидирање на Националната стратегија за деинституционализација 2008-2018,  изготвување на нов стратешки документ и акциски план за развој на вон институционалните форми на заштита.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.