Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот удар на ранетиот ѕвер

1
By Нова ТВ on February 22, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 22, 2017 08:19

Последниве случувања јасно воочуваат на обидот на СЈО да и се затворат сите порти на правдата и целосно да се оневозможи било кое нејзино обвинение или истрага да дочека обелоденување преку фер и непристрасно судење. Во такви услови, каква важност ќе има употребата на јазикот во судската постапка во која нема да има правда? Кој закон за употреба на јазиците ќе го оправда одењето во затвор како резултат на политички монтиран и етнички дискриминаторен судски случај?

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Најопасна од сите видови на власт е власта во заминување. Во тоа тмурно време на недефинирани работи, кога заради долгиот период во кој целосно фатените институции функционирале и сеуште функционираат исклучиво според вољата на партијата-олицетворение на целокупната државна власт, се случуваат најгрдите работи. Начинот на однесување на оваа власт во заминување, гребањето со канџи со цел до крај да се дотурка одамна воспоставениот облик на владеење, наликува на однесувањето на ранет ѕвер кој веќе нема што да губи, и се впушта во последната борба за сé или ништо и како таков станува најопасен пред целосно да згасне.

Стабилни државни институции веќе од поодамна немаме во оваа земја, како што самите си знаеме, а на тоа убаво не потсетија и најрелевантните меѓународни извештаи. Меѓутоа, од распуштањето на собранието пред парламентарните избори одржани во декември 2016 година, новото собрание сеуште не почнало да функционира ниту пак има избран претседател на собрание бидејќи истото веќе околу две месеци е сеуште во фаза на конституирање.

Како резултат, немаме ни нова избрана влада бидејќи првиот мандатар не успеа истата да ја состави додека пак и после цели 23 дена нов мандатар сеуште не е определен. Претседателите на сите поважни судови во земјата се во процес на избор кој континуирано се одложува. После аболициите од 2016 година, и игрите без граници околу определувањето на мандатарот, не би можеле да кажеме дека имаме функционална институција на шеф на држава: мислам функционална во однос на владеењето на правото, а дека истиот е функционален за некого за тоа нема сомневање.

И во овој амбис на неизвесност, партиите што треба да формираат парламентарно мнозинство и да го убедат Иванов да даде мандат за составување на влада се однесуваат како изгубени во превод: со денови и недели си разменуваат забелешки околу Законот за јазиците и никако да дојдат до конечно решение. Да, дефинитивно се работи за многу важен закон кој требало одамна да биде целосно регулиран, нема дилеми.

Прашањето околу употребата на јазикот е многу важно прашање кое треба прецизно да се регулира според Амандманот 5 на Уставот и во тој однос треба да се премине преку предрасудите според кои рамноправната употреба на Албанскиот јазик ќе ја разнебити оваа држава. Едвај чекам да се донесе веќе тој закон и конечно да се унапреди употребата на Албанскиот јазик, кој одамна е службен јазик во земјава, за да видат сите дека ништо лошо нема да се случи потоа, и дека за да настане крајот на светот, апокалипсата или судниот ден, сепак ќе треба да почекаме уште некое време.

Впрочем, нема појасен доказ дека една земја ќе функционира како унитарна од фактот што заедниците кои живеат во неа се борат да ги остварат своите права во рамки токму на таа земја. Затоа ширење на било каков страв во тој аспект не е само нелогично, туку претставува добро смислена злоупотреба на чувствата на граѓаните со цел владеење преку сеење страв меѓу нив.

Меѓутоа, додека потенцијалните коалициони партнери на идната влада си разменуваат мислења и забелешки околу закон кој впрочем се знае како и каде се подготвува во нормални земји и во нормални демократии, во околината се случуваат загрижувачки работи. Пратеник од новото не докрај конституирано собрание станува цел на физички напад, блиски роднини на други поранешни пратеници или функционери ненадејно стануваат осомничени за тешки дела, трговците, еснафот и граѓаните на “одметнатите” градоначалници стануваат таргет на се поинтензивните претстави на покажување на моќ и сила и на праќање на пораки да бидат претпазливи со кого “се закачуваат” и што може да ги снајде.

Освен тоа, се подготвува и терен за воспоставување на “правдата” по теркот на досегашното владеење, во која правда нема место за расветлување на политички монтирани случаи, а најмалку од се има место за конечно разјаснување на случаите покренати од СЈО. Не постои друг начин на толкување на чистката која в.д. претседателката на Основен суд Скопје 1 ја направи преку последната прераспределба на судиите во овој суд. Според објавените информации, судиите кои прифатиле барања на СЈО се прераспределени во Одделението за прекршоци и во други одделенија додека пак судиите кои одлучувале против барањата на СЈО се унапредени. Таков напад врз најважните органи на правосудството на една земја не е само обичен државен удар, ниту пак е само обид да се задржи што е можно подолго ослабената власт, туку е негирање на целосното постоење на една земја како демократска држава.

Без независното функционирање на судството една држава престанува да биде било каков облик на современа демократија и дефинитивно се претвора во робовладетелска деспотија. Ние веќе поодамна сме на тој пат, бидејќи независното судство одамна не ни функционира како начело, меѓутоа, последниве случувања јасно воочуваат на обидот на СЈО да и се затворат сите порти на правдата и целосно да се оневозможи било кое нејзино обвинение или истрага да дочека обелоденување преку фер и непристрасно судење.

Во такви услови, каква важност ќе има употребата на јазикот во судската постапка во која нема да има правда? Кој закон за употреба на јазиците ќе го оправда одењето во затвор како резултат на политички монтиран и етнички дискриминаторен судски случај? Дали Инспекторатот за надзор на употребата на јазиците ќе има надлежност да следи како ќе се употребува јазикот во Идризово и во другите затвори во кои неправедно осудени лица ќе служат или ќе продолжат да служат долги затворски казни?

Затоа е важно времето. Времето чини многу. Секој миг што не држи далеку од долго очекуваната слобода е директно вложување во натамошното траење на ропството. А ропството не може да се оправда на ниту еден јазик!

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.