ДУИ вечерва ги објави имињата на предлог министрите од нивната партија кои би биле дел од новата влада.
Како што соопштуваат од партијата, тие ги предлагаат Хазби Лика за вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Билен Салиу да води со ресорот правда, Садула Дураку за министер за екологија, Куштрим Бектеши за местото министер за економија и Рамиз Мерко за министер без ресор.

