По утринските, а особено по попладневниот земјотрес, голем број граѓани од различни делови на Скопје и околината останаа без електрична енергија. Од ЕВН Македонија велат дека прекин на снабдување со електрична енергија има во централното градско подрачје на Скппје, во делот кај Стајковци и кај Бутел.
– Поради силината на земјотресот реагира веднаш заштитата на трафостаниците на десеткиловолтното напонско ниво. Оваа зашита е за да не настанат поголеми штети и поголеми несреќи.
Оние трафостаници кои се далечински воени се вклучени веднаш, тоа е дел од Аеродром и дел од Карпош, а останатите што не можат да се вклучат далечински, екипите на треен ги вклучуваат.
Инаку има пријави за мали дефекти, како паднати столбови во населените места кои беа погодени од поплавите каде веќе има екипи на терен. Нема големи штети и оштетувања, вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.