Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирма преку Фејсбук мамела граѓани за работа во странство

2
By Нова ТВ on August 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„ИМПЦ е прва компанија во Македонија која што ви дава можност за најбрз и најлесен начин за пронаоѓање на работа во странство. На располагање се над 6500 слободни работни места во Германија, Швајцарија и Англија.“

Овој оглас за работа објавен на Фејсбук привлече многу македонски граѓани, кои видоа можност за работа во некоја од овие три држави за примамлива плата. Но, наместо европска плата од над 2000 евра, многумина кои аплицирале и уплатиле по 30 евра за услугата на ИМПЦ, добија уште една македонска шлаканица.

impc 8

„Го видов огласот на Фејсбук и се заинтересирав. Навистина за неколку месеци гледав можност да заработам солидна сума, која овде не можеш да ја заработиш ни за две-три години“, вели граѓанин за НОВА кој сакаше да остане анонимен, но ја раскажа целата шема на измама и празните ветувања.

Понудата на ИМПЦ Џобс (IMPC Jobs) беше за работни места берење на грозје во близина на Лугано за 2800 евра месечно, потоа чистење во хотели, градинки и болници во Гетеборг– Шведска за над 2600 евра месечна заработка. Или пак помала плата од 1150 евра за разнесување на весници во Германија. Најголема плата од 4000 евра, според огласот на Фејсбук, беше за оние граѓани кои ќе аплицираат за берење на јагоди во Финска.

2

 

Во огласот за работа пишуваше дека предност имаат студенти и македонски граѓани со бугарски пасош. Целата комуникација оди преку е-маил impcmacedonia@yahoo.com или преку Ф

ејсбук пораки. Откако ќе се исконтактира со администраторот, оттаму испраќаат формулари со генералии и претходно искуство и сметка на која треба да се уплатат 1850 денари за услуга на ИМПЦ за посредувањето за работа. Ако не добијат работа, ИМПЦ им ветува дека 30-те евра ќе им бидат вратени. Фирмата се обврзува да обезбеди бесплатен повратен автобуски превоз, таму има загарантирани два оброка и сместување (сето тоа без пари), а на агенцијата и должат само 150 евра и тоа кога ќе се вратат од печалба.

5 4

 

 

Нашиот соговорник вели дека комуникацијата течела беспрекорно се до моментот кога парите (1850 денари) ги уплатил на име  Петар Ташев во Стопанска банка и откако пратил копија од уплатницата, а потоа бил блокиран на Фејсбук страната.

„Се обидов да им пишам од Фејсбук профилот на сопругата, но и нејзе ја блокираа. Потоа им напишав коментар од друг профил, веднаш го избришаа. Така прават и со сите оние кои се обидуваат да напишат дека се измамени.“, раскажува соговорникот за НОВА.

НОВА во петокот стапи во контакт со администраторот на Фејсбук страната. Прво ни рекоа дека огласот е затворен. Но, кога им пишавме дека сакаме да ги прашаме за услугите кои ги нудат и заинтересираноста на нашите граѓани за работа во странство, ни рекоа дека за тоа не сакаат да пишуваме. Дури се повикаа на тоа дека имале свои луѓе во телевизијата ТВНОВА, но кога им објаснивме дека ова е порталот НОВАТВ, тогаш рекоа да оставиме телефон за контакт или е-маил и ќе не исконтактираат. Го сторивме тоа, но по неколку часа бевме блокирани на Фејсбук и не можевме повеќе да ги контактираме, а другиот ден исчезна и Фејсбук страната на IMPC Jobs.

13872354_10153760528818671_1952678532_n 13867088_10153760528548671_1673460123_n 13643773_10153760528883671_1051866955_n

 

На Фејсбук страната немаше никаков друг контакт, освен што стоеше дека фирмата е во Благоевград, Бугарија. НОВАТВ провери и во македонскиот и во бугарскиот централен регистар, но фирма под ова име не постои. Во меѓувреме стапивме во контакт преку Фејсбук и со други граѓани кои пишуваа на страницата на ИМПЦ и кои беа заинтересирани за работа, но велат дека се посомневале дека е измама и не уплатиле 30 евра.

„Јас не уплатив, зошто кога побарав број од агенцијата да се слушнеме, ми рекоа прво уплати 1850 денари и потоа ќе се слушнеме. Но, ги баталив и не ги контактирав веќе. Е тоа е моја Македонија“, вели друг граѓанин за НОВА.

ВО МВР велат дека до нив нема пријава од измамени граѓани од оваа фирма. Но, нашиот соговорник објаснува дека кога бил во полициска станица, прво одговорот од полицискиот службеник бил – „Кој те тераше да уплаќаш“, а потоа дека пријава до обвинителството за поведување истрага ќе била поднесена ако се собереле повеќе од 20 измамени граѓани.

НОВА провери и за веродостојноста на огласите на ИМПЦ. На пример за берење јагоди во Финска, платата е невозможно да биде 4000 евра. Месечните примања за оваа работа се движат од 1000 до 2000 евра.

До објавувањето на овој текст, од ИМПЦ иако рекоа дека ќе не исконтактираат за сите прашања за кои сме заинтересирани, тие тоа не го сторија. Фамозната Фејсбук фирма исчезна и од интернет.

вработувања измама работа странство Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.