Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: ЕУ ќе обезбеди над 1 милијарда евра за Западен Балкан

0
By Нова ТВ on July 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 12, 2017 16:25

Најголем дел, околу 90 отсто од барањата и препораките на граѓанскиот сектор од Балканот се прифатливи, само треба да се најде начин за нивна имплементација – оцени еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Трст, откако присуствуваше на средбата меѓу претставниците на цивилниот сектор и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан.

Тој најави дека Европската унија во следните 3 години во државите од Западен Балкан ќе инвестира една милијарда евра.  Изградбата на железничката пруга од Коридор 8 која треба да ги поврзе Јадранското и Црното море преку Македонија е еден од проектите што ќе ги финансира ЕУ.

Заев: Македонија е голем добитник од овој Самит

Македонскиот премиер, Зоран Заев, кој учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст, изјави дека се работи за навистина важен настан на кој се расправа за перспективите на целиот регион и на Европската Унија, но и секако за регионалното поврзување.

– Пораките кои овде ги добиваме, а и оние што ние ги испраќаме се дека ние ќе го поддржиме целиот овој процес, ќе соработуваме за да може да напредува регионот, секако сам за себе, но и во перспективите кон ЕУ. Состаноците кои овде се држат не само што ќе ја зголемат соработката, поврзувањето, транспортот, економијата помеѓу сите овие земји туку верувам дека ќе испратат силен сигнал фокусот на Европа да биде сè повеќе насочен кон овој регион, поддржувајќи го за навистина севкупните вредности на овој регион да се приближат кон вредностите кои Западна Европа ги познава. Само на тој начин ќе се забрзаат сите процеси за целосна интеграција на Македонија во ЕУ, изјави Заев.

На новинарско прашање дали може да каже некои конкретни точки од она што е договорено, македонскиот премиер одговори дека сè ќе биде објавено официјално, со точни цифри, но потенцира дека „Македонија е голем добитник од овој Самит“.

-Ќе има конкретна поддршка за изградба на инфраструктура, многу значајна за идните пред сè економски, но и севкупни перспективи на поврзувања на Република Македонија со регионот и Европа, рече Заев.

 

Димитров до граѓанскиот сектор: Не се двоумете дали да не критикувате

По вчерашниот целодневен Форум на Цивилното општество, барањата на министрите и на еврокомесарот им ги презентираше Срѓан Сушиќ, консултант на германската Фондација Хајнрих Бел, која е соорганизатор на настанот.

Министрите, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, позитивно реагираа и побараа од граѓанскиот сектор уште поактивна улога. Димитров ја истакна улогата на цивилниот сектор во неодамнешната криза во Македонија, оценувајќи дека таа помогнала во евроинтеграциските процеси, соопштија организаторите.

-Желбата на регионот е да влезе во ЕУ. Веќе изгубвме многу време и крајно време е да ја завршиме работата. Критичкиот однос е многу важен и затоа немојте да се двоумите дали да не критикувате, изјави Димитров.

Препораките се однесуваат на демократските процеси, владеењето на правото, деловното опкружување и иновациите, енергијата и климатските промени и слободата на говорот и улогата на медиумите, што беше посебно потенцирана од еврокомесарот Хан, како многу важен услов за евроинтеграциите и како критична точка во регионот.

-Медиумските слободи можат да бидат унапредени само доколку создадеме медиумски пазар и со тоа да им овозможиме на медиумите да не бидат зависни од финансиска помош“, оцени Хан.

Состанокот на Западен Балкан со ЕУ, треба да заврши вечерва со заедничка декларација и со одлуки кои ќе бидат серозно придвижување кон регионалната соработка и забрзување на евроинтеграциските процеси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.