Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Хојт Ји: Треба да има нова влада која ќе работи на реформите

0
By Нова ТВ on May 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 1, 2017 18:04

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, по средбите со политичките лидери изминативе два дена, во изјава за медиумите рече дека е време за формирање нова влада која итно ќе работи на реформите за да се надмине политичката криза, а сите прашања околу програмата на новата влада треба да се дебатираат внатре во Парламентот.

– За жал, политичките лидери не беа во можност да формираат влада по изборите кои се признаени од целата меѓународна заедница. Уште позагрижувачки се последните инциденти во Парламентот, каде пратениците беа кукавички нападнати само затоа што одбраа нов собраниски спикер, изјави Ји, кој ги повика властите да ги истражат нападите и виновниците да одговараат.

– Веруваме дека важно е политичките лидери да ја сфатат сериозноста и да најдат начин, мнозинството во Парламентот да одбере влада. Ги разбираме грижите, а целата програма на Владата треба да се дебатира во Собранието, а не надвор од него. Чувствуваме дека е важно земјата да биде обединета и да има нова влада која ќе работи на реформите, порача Ји.

Одговарајќи на новинарско прашање дали постои загриженост за нови проблеми затоа што досегашната владејачка партија вели дека не го признава Џафери за спикер на Собранието, Ји одговори дека во политиката е неопходно да се има отворена дискусија меѓу сите партии во Парламентот.

– Мислам дека е легитимно партиите да ја изразат својата загриженост но тие треба да бидат разрешени врз основа на нормалните демократски принципи. Со други зборови, ако мнозинството од пратениците се задоволни од Џафери, тие треба да имаат право да го изберат. Ако постои некаква загриженост за програмата на Џафери, или како си ја одработува работата како спикер во Собранието, мислам дека партиите имаат право да го покренат тоа прашање во Собранието и да го адресираат таму, во Парламентот,  одговори Американецот.

Тој изјави дека од сите политички лидери добил уверување дека ќе ги почитуваат демократските принципи за мирен трансфер и за изнаоѓање на решение кое ќе биде инклузивно и нема да остави никој изолиран.

Тој го повтори ставот на САД, дека ќе работат со новиот собраниски спикер Талат Џафери, и потенцираше дека истото го соопштиле и ЕУ, НАТО и официјален Берлин.

– Треба да се даде шанса овој процес да продолжи со формирање влада, да се има програма, рече Хојт Ји меѓу другото.

Како што рече тој, жали што прогресот на земјата бил во застој поради политичката криза, но дека САД и понатаму останува посветен за интеграција на Македонија во Европа, како и на целиот Западен Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.