Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Христов: Македонското новинарство длабоко во кома поради пропагандата

2
By Нова ТВ on November 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 4, 2015 15:02

Прогресот во поглед на слободата на изразување и слободата на медиумите во Македонија, споредено со последната Speak Up! конференција е голем: ако пред две и пол години беше во несвест, денеска македонското новинарство е во длабока кома, потенцираше денеска во Брисел на конференцијата за состојбата во медиумите во Западен Балкан и Турција, новинарот Боби Христов.

– Новинарството во Македонија е мртво. Медиумите, со мали исклучоци, одамна веќе не и служат на јавноста туку на политиката, а пропагандата а не објективната информација се главниот инструмент на медиумите потчинети на Владата. И тоа е резултат на долгорочна, систематска и добро обмислена владина политика на целосно ставање под своја контрола на водечките медиуми, рече Христов.

Тој дополни дека лојалноста на одредени новинари во Македонија се купува со стотици илјади евра, па дури и милиони – пари од владини реклами кои се насочуваат главно кон медиумите кои и се наклонети на власта, што често е констатирано и во релевантни меѓународни извештаи за состојбата со медиумската слобода во земјава.

– Нашиот премиер деновиве изјави дека во Македонија има многу слобода! За лошите рејтинзи на листите на Фридом Хаус или Репортери без границии претседателот на државата рече дека се само перцепција, потсети тој.

Тој зборуваше како во Македонија со пари од буџетот, преку владините реклами, се наметнува политика на глорификација на власта и атак и сатанизирање на опозицијата и дека Јавниот сервис функционира како класична партиска или државна телевизија.

– Македонските новинари имаат меѓу најниските плати во регионот, една третина работат без постојан договор. Во такви услови голем дел од новинарите немаат основна егзистенцијална, сигурност, поради што се лесна мета за притисок и потчинувањ, смета Христов.

Тој пред колегите во Брисел нотираше дека постои длабока поделеност меѓу новинарите: поголем дел се во таборот поддржувачи на власта, помал дел во таборот поддржувачи на опозицијата и кои буквално водат војна меѓу нив.
– Да се критикува власта значи дека веднаш ќе бидете прогласен за предавник, платеник на опозицијата или соросоид – што е омилена формулација на владините поддржувачи, рече пред колегите новинарот Христов.

Тој смета дека Европската Комисија не сменила многу во Македонија бидејќи инструментите на влијание врз властите се како што се покажува во практика, несоодветни.

Христов забележа и дека финансиската помош за поддршка и промоција на медиумските слободи била погрешно насочена, најчесто кон невладини организации кои немаат допирна точка со медиумите, наместо кон самите медиуми.

– Speakup порасна , стигна до број 3. Доколку сакаме да одбегнеме и на следната конференција да ги повториме истите констатции дека ситуацијата е полоша, наместо да се подобрува, сметам дека она што е неопходно не се само заложби ,декларации и стратегии туку конкретни политики и мерки, ориентирани кон резултати. Во случај на македонското досие тоа би биле конретни мерки со кои ќе се гарантира надминување на лошата состојба со непочитување на работничките права, департизација на Јавниот сервис и деполитизација на регулаторните тела, транспарентни правила за дистрибуцијата на владините реклами, порача Христов на Speak Up! 3 конференцијата во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.