Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И во центарот на Скопје има семејства кои се греат на јаглен

1
By Нова ТВ on November 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 7, 2017 22:22

Заменик министер за животна средина, Јани Макрадули, вели дека и во центарот на Скопје има семејства кои се греат на јаглен. Според него греењето во домаќинствата учествува со 62 отсто во загадувањето на воздухот. Тие го користат маслото од возилата за поефективно да се загреат, пластика и гуми.

Макрадули смета дека е потребна координирана акција во која локалната самоуправа со бизнис заедницата, невладините организации, во широк фронт ќе дојдат до решение за загадувањето.

Во Министерството за животна средина има сериозна екипа која работи на проблематиката.

– За првпат во буџетот ќе има посебна ставка за загадувањето. 3,5 милиони евра за борба со загадувањето – вели Макрадули.

Според него, загадувањето мора да се решава во повеќе сектори, затоа што тоа не било само работа на Министерството за животна средина, па мора да се вклучат и Министерството за транспорт и врски и други.

Макрадули утре ќе има средба со градоначалниците од скопските општини. Тој вели дека една мерка која може да биде поволна за една општина, може да биде штетна за друга и затоа е потребна координација меѓу општините.  Тоа што општина Аеродром е на пониска надморска височина од општина Ѓорче Петров, го наведе како пример.

Макрадули смета дека дел од парите од акцизата за дизел ќе се вратат во намалувањето на загадувањето.

Тројца инспектори во Скопје

Четиринаесет инспектори се задолжени за контрола на ниво на цела држава.  Во Скопје се само тројца, од кои двајца пред пензионирање. Со надминувањето на дозвлените концентрации на опасните ПМ честички во воздухот, на површина испливаа речиси сите проблеми на инспекторатот.  Ако граѓаните се гушат во смог, државниот инспекторат за животна средина се гуши  во долгови. До вчера имал блокирана сметка. Една од небулозите е тоа што пари нема за гориво и одржување на возилата со кои инспекторите одат на терен, а плаќа околу 700тини евра месечно за интернет.

-Инспекторите сега кога одат на терен поради немање на буџет, не можат со нив да носат лабораторија, каде што ќе се земе примерок и ќе биде испитан. Потребата постои, во наредниот период ќе работиме на тоа државната лабораторија да биде сертифицирана и да биде достапна на сите нас – вели Мирослав Богдановски, в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина.

– Склучен е договор од две години за интернет, така да тоа е тоа. Ќе издржиме некако до новиот буџет, новиот буџет ќе биде поголем за да можеме сите овие заложби и планови да ги реализираме. Имаме потреба од инспектори, во секој град да имаме по еден инспектор – додава Богдановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.