Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интерпелација од ВМРО ДПМНЕ за Николовски поради пожарите

3
By Нова ТВ on August 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 7, 2017 16:20

Пратеници од ВМРО ДПМНЕ поднеле барање за интерпелација на министерот за министерот за земјоделство, Љупчо Николовски бидејќи сметаат дека тој е најодговорен за неажурноста при справување со пожарите и нерешените проблеми на земјоделците.

-Како резултат на несериозноста, неодговорноста и некомпетентноста на министерот Љупчо Николовски, Република Македонија скоро еден месец е во пламен. Николовски немајќи капацитет да се справи со настанатата ситуација на терен, дозволи состојбата да ескалира во граници кога е мошне тешко да се контролира и истовремено штетите достигнаа до алармантно ниво, изјави пратеникот Зоран Илиоски.

Тој обвини дека поради инертноста на министерот Николовски се создадени проблеми и во делот на  доставувањето на основни податоци и прецизни информации, со што е оневозможено да се донесуваат конкретни одлуки и да се изготвуваат оперативни планови за справување со огнената стихија.

ВМРО ДПМНЕ смета дека Николовски не успеал да се справи и со други проблеми кои што секојдневно се појавуваат кај земјоделците.

-Изостана неговото ангажирање во справувањето со проблемот со откупот на земјоделските производи, пред се на овошните производи праски и нектарини. Неговиот игнорантски и неодговорен однос кон проблемите со кои се соочуваат овоштарите нанесе огромни штети во овој сектор, подеднакви како кај секој индивидуален земјоделски производител, изјави Илиоски.

Според него, до сега во македонското земјоделство не се случило да изостане разработена стратегија за организиран откуп на пченицата, овесот, јачменот и останатите житарици.

Петре Шилегов, на најавената интерпелација, одговори дека е „уште еден доказ дека може да се зборува за се, освен за кривична одговорност на раководството на ДПМНЕ“.

-Хаосот по институциите којшто е резултат на 11-годишното партизирано и криминално владеење на ДПМНЕ, со натчовечки напори се обидуваме да го надминеме во изминативе два месеци. Не може да биде причина за разрешување на министер од Владата од СДСМ. Тие луѓе, луѓето вработени во институциите со натчовечки напори во изминатиов период успеваат да се справат со пожарите, напоменувам дека ниту специјалните авиони за гасење на пожар не беа функицонални, не работеа се до доаѓањето на новата власт. Правиме се и во надлежните институции се прави се да се надмине таа хаотична состојба која дошла како резултат на непрофесионално, некомпетентно и пред се криминално тендерско работење на сегашната опозиција, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.