Од:

Како гласаше Арачиново – за канализација, не за федерализација

Ова неспорно беше валкана кампања. Се слушаа говори за повици на линч, се слушаа повици да не се гласа за опозицијата оти тие биле за федерализација – лага која ги запали страстите, а се појави прво на лажен веб сајт во лажна вест креирана на сајтови во Србија и Хрватска кои згаснаа штом лагата се прошири со брзина на светлината.

Потоа, во Арачиново, некогаш познато како бастионот на УЧК, за прв пат видовме митинг на опозицијата од редовите на македонски етничките партии. Митинг на којшто бројот на знамињата на републиката, македонското, го надмина бројот на етничкото албанско знаме. Арачиновци гласаа за СДСМ, а ДУИ на овие избои заврши казнета. Прашавме – зошто и како желбата за подобар живот го победи етничкото.

– Затоа што немаме канализација, затоа што некои луѓе добиваат се, а некои ништо, затоа што и шајка некој да постави овде, ќе се примети, толку ништо не е направено, рекоа Арачиновци. Погледнете ја репортажата која ја подготви НОВАТВ во Арачиново.



Comments are closed.