Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Класифицирана правда: Сите сопки за СЈО во Тврдина 2

0
By Сашка Цветковска on January 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова адвокатка без безбедносен сертификат и очекувања од УБК, чии што вработени се и обвинети, самата да ги декласифицира тајните и доверливи документи, се новите пречки за да може да почне  судењето во Тврдина 2 кое што го води Специјалното јавно обвинителство.

Како почна судењето 

Денешното, второ по ред, подготвително рочиште започна со отстранување на новинарите од судницата. Судот тврдеше дека тоа е така затоа ќе се изнесувале класифицирани информации. Новинарите веста ја примија со негодување затоа што ова е подготвително рочиште и на истото не беа изведени никакви докази. Во овој случај обвинети се Горан Грујовски, началник во УБК и шест вработени службенички.

Второто подготвително рочиште донесе нови сопки за Специјалното јавно обвинителство кои што навестуваат одлагања до бескрај. Судијката Лидија Петровска му наложи на обвинителството да се обрати до Дирекцијата за заштита класифицирани податоци, како и до МВР, и од нив да побара овие документи кои се и докази да бидат декласифицирани за да можат да се употребуваат во Судот.

Уништувачите на класифицирани документи треба и да декласифицираат документи за СЈО

Ова барање беше упатено на првото рочиште и истото е нејасно за СЈО со оглед на тоа што сите лица кои имаат безбедносен сертификат можат да ги гледаат класифицираните документи, единствено рочиштата нема да бидат отворени за јавноста. Или, накусо, обвинителката Ленче Ристоска, судијката Петровска и адвокатите на одбраната како Никола Додевски имаат вакви сертификати и нејасно е зошто тие би морале да се декслафицираат. Од друга страна, за да се декласифицираат дозвола треба да даде УБК, институцијата чии што вработени седат на обвинителната клупа.

Ние не баравме доказите кои сакаме да ги употребиме во овој случај да бидат декласифицирани, туку да може да ги видат и слушнат лица кои имаат обезбедено безбедносен сертификат, велат од СЈО.

УБК, се разбира, не даде дозвола  

Денеска, на второто рочиште, судијката Петровска соопшти дека УБК не дала дозвола. СЈО сега е упатено да се обрати до Министерството за внатрешни работи и до Дирекцијата за заштита на класифицирани податоци и да побара мислење дали класифицираните податоци може да се употребуваат како докази во судска постапка. До ова дојде, откако еден од адвокатите на одбраната Никола Додевски рече дека класифицирани документи забрането е да се употребуваат како докази во судска постапка.

Иако се обвинети во постапка за уништување документи, тие во УБК не се суспендирани и секој ден одат на работа што им дава можност да влијаат врз постапката за декласифицирање на документите.

Нова адвокатка без сертификат

На ова судење се појави и нова адвокатка, нешто што е право на одбраната и доколку истата така сака, таа на секое рочиште може да носи нови адвокати. Нејзиното име е Јована Тасевска, млада и непозната адвокатка од Скопје. Таа, иако е во одбрана на обвинети кои, според СЈО,  уништувале класифицирани документи од УБК,  Тасевска нема безбедносен сертификат. Па сега за неа треба да следи процедура во којашто треба да добие сертификат, а тоа значи многу проверки и многу време или неколку месеци. Освен тоа, дури и експресно

 

 

Што е безбедносен сертификат и како политизираните институции го одолговекуваат неговото издавање

Безбедносен сертификат е документ со кој државата проверува и гарантира дека оној кој го поседува е подобно лице да добие пристап до документи со одреден степен на доверливост. Нашите закони предвидуваат класифицирани информации со два степени на тајност – државна тајна и строго доверливо. Како што е поголем степенот на тајност, така и проверките на личностите на кои треба да им се издаде сертификат се поголеми.

Пивоваров објаснува дека за да се издаде безбедносен сертификат, секоја организација поднесува барање за одреденото лице до Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации (ДБКИ).

„Тие по примањето на ваквото барање се должни да постапат. Проверки за лицето прави УБК по добиеното барање прави евиденциски проверки и оперативни проверки, како и разговор со барателот на сертификатот. За едни вакви проверки се потребни седум до максимум десет дена, оптимален период во кој може да се завршат сите проверки и да се одлучи дали на лицето ќе му биде дадено сертификат или ќе биде одбиено“, додава Пивоваров.

Според него, поради партизираноста на ДБКИ и УБК, токму со временскиот период за кој тие ќе одобрат или нема да одобрат безбедносен сертификат, се кочат постапките во зависност од моменталните политички потреби, како во случајот со „Пуч“, а сега таков случај ќе има и со новите адвокати во „Тврдина 2“.

СЈО Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.