Стапува на сила новиот Закон за ЈО: Јовески уверува за завршница на предметите на СЈО

Државниот јавен обвинител порачува дека Јавното Обвинителство е подготвено за имплементација на новите одредби од Законот, за преземање на предметите од поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) и дека сторителите на кривични дела ќе добијат заслужена казна. Но, и дека Обвинителството овојпат нема да ја повтори грешката од минатото во кое, поради непостапување, се формира СЈО

Ивановски: Не гледам пречка сите предмети и истраги на СЈО да добијат правен тек

Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд, во разговор за Нова ТВ вели дека новите законски решенија се донесени во насока на подобрување на владеење на правото, но исклучително важна ќе биде нивната имплементација. Тоа, според него, ќе зависи од интегритетот и професионалноста на судиите и обвинителите и дистанцирањето на политиката од правосудниот систем

„Марш за правда“ – нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи

Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Со Законот за ЈО, оживуваат и предметите во истрага на СЈО

Фактот дека Законот за јавно обвинителство продуцира правда и праведно општество е поткрепен со уште еден аргумент во прилог на тоа дека, не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30-ти јуни, 2017-та обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо

Каков јавен обвинител сака Мицковски – независен или послушен?

Пред неколку месеци на едно ТВ интервју, тој конкретно беше прашан за предлог за државен обвинител. Зборуваше за човек со репутација, кредибилитет, кој што е репрезент на фелата, а тоа за него бил Владимир Панчевски. Дали лидерот на опозициската партија сè уште е на истиот предлог?

Одложена правда во 2019 година: Јанева од шефица на СЈО, до обвинета во „Рекет“

Јавноста во изминатата година слушна и за изначита за сите правни недоречености, слободни толкувања на правната материја и за „црни дупки“ во Законот за казнено право преку Т-случаите, кои годината ја почнаа во Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), а ја завршија во Основното Јавно Обвинителство (ОЈО)

Ќе „светне“ ден за вработените во СЈО: Јовески ќе ги потпишува платите

Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму чекаат три неисплатени плати. Телефоните се исклучени, а нема ниту интернет. Вработените кои секојдневно одат на работа, алармираат дека освен платата што ја немаат земено, за институцијата не се платени ниту сметки за струја, ниту за кирија и сè поизвесно е дека зградата во која „бомбите“ требаше да бидат на безбедно, ќе остане без струја