Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лајкамобајл под истраги за перење пари во Париз

2
By Сашка Цветковска on June 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2016 14:24

„Лајкамобајл“ и официјално е третиот виртуелен мобилен оператор кој веќе почнува со работа. Ако се погледнат најавите на надлежните, станува збор за позната меѓународна компанија која оперира во 19 земји, меѓу кои и Франција, Германија, Данска, Белгија, Австралија и многу други. Прометот во 2014 година им изнесувал 1,5 милијарди евра. Општо земено, биографијата на компанијата основана во 2006 нема многу замерки – станува збор за брзорастечки оператор кој работи во добивка, во чекор е со времето и продава ефтини домашни и меѓународни разговори, како и ефтин интернет.

Но „Лајкамобајл“, сепак, не е само успешна бизнис приказна. Француските власти минатата недела приведоа 19 вработени во компанијата поврзани со мултимилионско затајување на данок и перење пари. Истрагата доаѓа по големото истражување на „Базфид“ во коешто новинарите филмуваа, како што велат, добро организирана мрежа на перење пари. Вработени во „Лајкамобајл“ во Лондон секое утро три пати на ден се возеле во комбе и оставале огромни количини на кеш во торби низ различни пошти во градот, а потоа други вработени го собирале и ги уплаќале на различни сметки на комплексна мрежа од многу офшор компании во помали суми со цел да не предизвикуваат сомнежи. „Базфид“ тврди дека неделно на овој начин се разнесувале до 1 милион фунти, а тоа било возможно поради фактот дека компанијата продава ефтини припејд продукти кои најчесто се плаќаат во кеш. Англиските медиуми, исто така, пишувааaт дека „Лајкамобајл“ е под истрага и во Шри Ланка (иако компанијата ова официјално го демантира, а другите истраги не ги коментира) поради соработка со тамошниот режим. На семејството на диктаротот наводно му помагале во кражба на државен имот пренесувајќи средства преку нивните компании.

Еден од приведените во Франција е генералниот менеџар Алаин Јочимек. Против него и против уште девет други во петокот беше подигнато и обвиниение. И во Париз, како и во Лондон, фунционирала добро организирана мрежа која разнесувала кеш низ поштенски сандачиња.

Компанијата во Македонија е основана од британската компанија ЛМ Холко Лимитед, една од фирмите во сопственост на холдингот „Лајкамобајл“. Директор и еден од сопствениците е Алираја Субаскаран, основачот на „Лајкамобајл“. Во Велика Британија неговото име е поврзано со она на премиерот Дејвид Камерон бидејќи Субаскаран се јавувал како еден од поголемите донатори на Конзервативната партија, а тие прифаќале донации од него и по избивањето на скандалот. Конзервативците се под притисок од јавноста да ги вратат донациите.

Со спојувањето на „ВИП“ и „ОНЕ“ во еден мобилен оператор, од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата компанијата доби услов да склучи договор со трет виртуелен мобилен оператор којшто ќе продава припејд картички и мобилен интернет. „ВИП“ (како што сега се нарекува компанијата по спојувањето) објави дека склучила договор со меѓународната компанија „Лајкамобајл“, а согласно договорот тие официјално стартуваа со работа на први јуни годинава. Агенцијата за електронски комуникации веќе им го додели и префиксот 079.

„Веќе се нотифицирале во АЕК, и имаат 175.000 дозволи за нови броеви.  Ќе понудат цени за 35% пониски од моменталните на пазарот, а нивниот префикс ќе биде 079, рече директорот на Агенцијата за елеконтронски комуникации Сашо Димитријоски во интервју за радио на пред десет дена.

Директорот, исто така, најави дека наскоро Македонија ќе објави повик за трет мобилен оператор бидејќи со спојувањето на „ВИП“ и „ОНЕ“ и „Т-Мобајл“ и „Телеком“, драстично пораснале цените на услугите. Неговиот претходник, Роберт Ордановски, тврдеше дека со спојувањето на овие компании нема да пораснат цените. Дозвола за спојување даде и Комисијата за заштита од конкуренција, која исто така дојде до заклучок дека овие спојувања нема да влијаат на конуренцијата и на цените. НОВАТВ повеќе од една недела чека одговори од Комисијата дали тие се чувствуваат одговорни што направиле погрешна проценка и дозволиле македонските граѓани да плаќаат повисоки цени за услугите, односно највисоки во регионот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.