Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лет во место

23
By Нова ТВ on February 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 2, 2018 20:58

Колумна на Борјан Јовановски објавена во грчкиот дневен весник Неа Селида

Република Македонија веќе 27 години лета во место без успех да полета кон небото заедно со другите птици во европското јато. Една од главните причини поради овој веќе неподнослив лет во место е проблемот со името но и други проблеми поврзани со нејзиниот неуспех ако млада држава да се позиционира себе си во исклучително компликуваниот историски мозаик на Балканот. Па така покрај проблемот со името Македонија две и пол децении тапка во место и поради низата неуспешни обиди интерно да се снајде со исто така компликуваната мултиетничка и мултиконфесионална реалност.

Во раните деведесетти по падот на комунизмот и во почетокот на болното распаѓање на Југословснката федерација Македонија за жал не успеа да го избегне ударот на задоцнетиот национал романтизам кој како цунами ги поплави сите поранешни републики на некогашната моќна и влијателна Ју федерација. Наместо да се соочи со новата реалност опиена од бранот на национал романтизмот поттикнат од сите страни на Балканот македонското општество се фати во замката на креирање на национални наративи кои требаше да го објаснат историкот контекст на младата независна држава. Во духот на тогаш актуелниот национал романтизам наместо наратив кој ќе ја позиционира државата во релација со нејзинат6а реалност тој наратив почнат6 да создава митови кои како што вели Черчил за Балканот се произведуваа во многу поголема количина од капацитетот истите да бидат консумирани. Моќта на националистичката халуциногена дрога ја доведе најголемата етничка заедница во Македонија, етничките Македонци, да се доживее себе си како жртва на сите можни светски конспирации и да ја затвори во самата себе одземајќи и ја целосно способноста да се позиционира себе си во насока на остварување на вистинските национални интереси каков што се социо економскиот развој и интегрирањето во евроатлатските структури.

Ова улетување во слепа улица на историјата се должи на некои објективни причини какви што се неиксуството и слабиот демократски капацитеет како на секоја друга држава која првпат застанува на свои нозе каков што беше случајот со Македонија по распадот на поранешната Ју федерација. Полтичката елита во тој приод едноставно немаше капацитети да ги препознаа вистиските интереси на државата а со тоа и потребата да се изнајде компромисно решение со Грција која за волја на вистината како држава со долго демократско искуство, стара земја членка на ЕУ и НАТО наместо да му помогне на адолесцентиот северен сосед да застане на вистински нозе дополнително го стимулираше неороматичарското цунаи кое и онака во неподносливи количини доаѓаше од северот на регионот (Србија и Косово) . Наместо да пристапи како кон издрогиран малолетник на кој му треба помош Грција истапи од позиција на супериорност која само го искомплицира и онака комплицираното барање од нејзина страна да се промени името на државата со став земи или остави. Наместо како зрела демократија со атрибутот европска да ја превземе одговорноста која и ја наложи политичката реалност по распадот на Ју федерацијата во кој ќе се обиде конструктивно да ги објасни своите позиции, стравувања и интереси кои произлегуваат од употребата на името Македонија, Грција ги стана од гроб сопствените вампири од историјата кои почнаа да го нагризуваат и нејзиното национално ткиво.

По 26 години лет и сите шокови кои произлегоа од ударите на крилата во невидливиот кафез во кој се затвори државата мислам дека конечно страдењето доведе до спознание дека компромисното решение е неопходно и дека Македонија како држава се наоѓа на само еден дел од целиот регион на Македонија и што е најважно дека во овој компликуван геополтички контектст Македонија нема друга алтернатива сем конечно да се стави себе си на шините кои водат кон иднината. Останува Грција да ја сфати својата одговрност како европска демократија и таа самата да биде машиновозачот на локомотивата која ќе ја извади Македонија но и целиот јужен Балкан од калта на балканските национализми.

 

. Наместо како зрела демократија ја превземе одговорноста која и ја наложи политичката реалност по распадот на Ју федерацијата во кој ќе се обиде конструктивно да ги објасни своите позиции, стравувања и интереси кои произлегуваат од употребата на името Македонија, Грција ги стана од гроб сопствените вампири од историјата кои почнаа да го нагризуваат и нејзиното национално ткиво.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.