Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локалитетот „Цареви Кули“, симболот на Струмица, добива нов лик

0
By Нова ТВ on August 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 25, 2014 15:08


Локалитетот „Цареви Кули“, симболот на Струмица, добива нов лик. Од пролетта тука почнаа градежните активности кои веќе го дефинираат новиот изглед. Токму поради тоа, денеска сме тука да ја информираме јавноста за тековните и идните активности, но и да го презентираме досега сработеното.

– Активностите за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на локалитетот „Цареви Кули“ се реализираат во рамките на спроведувањето на проектот НАСЛЕДСТВО, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 12 милиони и триста илјади денари и истата е финансирана од Европската Унија. Обезбедените средства се наменети за конзервација, реставрација и делумна реконструкција делови на тврдината околу постојната кула (југозападна кула) и бедеми и делови на тврдината околу северната страна на тврдината, односно делот од тврдината лоциран над градот, соопшти градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Во моментот градежните активности се одвиваат на југозападниот и јужниот бедем и југозападната кула, односно околу сочуваните делови од тврдината. Од почетокот на градежните работи до денес вградени се 457 м3 камен од четири различни видови, а во согласност со постојните елементи на тврдината.

„Југозападниот и Јужниот бедем во најголем дел се изведени. Вкупната висина на овие бедеми е околу 13 метри. На овој дел од тврдината се завршени сите потребни елементи и тоа вградување на камен, фугирање и обработка со подни и завршни камени плочи. По должината на овие бедеми изведени се и 5 градобрани, а во фаза на градба се уште 4 градобрани кои ќе бидат во продолжение на веќе изведениот југозападен бедем. Исто така, околу овие бедеми завршена е и изградбата на патека за движење околу бедемите широка околу 80 см која според археолошките истражувања војниците ја користеле при одбраната на тврдината. Оваа патека е врска со просториите сместени во југозападната кула, кои порано биле наменети за престој на посадата на тврдината, а воедно служела и како магацин за оружје. Овие простории се во фаза на градба, а над нив ќе бидат оформени градобраните на оваа кула“, истакна Заев.

Тој информираше дека од денеска започнуваат активностите на северната кула и бедеми односно на делот од тврдината лоциран над градот Струмица. Овие активности се приоритетни бидејки ќе овозможат тврдината да се забележува од градот Струмица, и сама по себе ќе претставува нов симбол на градот. Активностите на оваа страна од тврдината повеќекратно ќе го зголемат бројот на посетители на локалитетот „Цареви Кули“.

„Оваа кула ќе биде висока 13 метри, а бедемот околу неа ќе биде со должина од околу 12 метри и висина од 10 метри. Околу бедемот и кулата ќе биде оформен канелиран градобран со оформена патека за движење. Воедно оваа кула ќе служи како видиковец бидејќи истата е лоцирана на позиција од која што има најубав поглед кон градот Струмица и Струмичкото поле“, рече струмичкиот градочалник.

Градежните работи на средновековната тврдина „Цареви Кули“ кои започнаа пролетта планирано е да завршат до крајот на оваа година. За реализација на предвидените активности изработен е конзерваторски проект од страна на Националната установа Завод и Музеј – Струмица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.