Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Морално или не, прашање е сега

2
By Нова ТВ on September 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Беса Арифи, вонреден професор при Универзитетот на Југоисточна Европа

Во почетокот на неделава учествував на една мошне интересна дискусија под наслов „Јавниот морал и демократските вредности во Македонија” организирана по повод објавувањето на резултатите на Анкетата за граѓанската доверба во институциите на системот, спроведена од прилепската невладина организација АГТИС. Од низа многу интересни сознанија произлезени од оваа студија сакам да издвојам неколку најсимптоматични одговори.

Имено, дури 47% од анкетираните потполно или делумно се согласуваат со ставот „Луѓето кои ги вработила партијата на институциите, на партијата треба да и вратат некако”. Тоа јасно говори за заложничкиот однос помеѓу гласачите и партиите на власт кој е речиси идентичен со феудално-кметскиот однос од минатите векови кога владетелот му давал привилегии на феудалецот, а феудалецот на кметот и секој од нив плаќал посебни износи на „рента” односно „арач” за таквата „милост”. Жалосно е во 21ви век уште да се зборува за такви односи!

Понатаму, според истата анкета, дури 37% од анкетираните потполно или делумно се согласуваат со ставот „Ако си функционер, глупав си ако не крадеш”, додека пак 33% од анкетираните потполно или делумно се согласуваат со ставот “Не е грев ако се снајдеш, па дури и да е малку незаконски. И ти да беше така ќе правеше”.

Ваквиот висок праг на толеранција спрема корупцијата и крадењето е посебно интересен за едно општество кое многу често знае да се повика на традиција, религиозни норми, патриотизам и други високи морални вредности.

Меѓутоа, ете, во реалноста се покажува дека тие вредности се применуваат само формално и површински а често дури и воопшто не се почитуваат. Па нели уште од мали нозе не учат дека да крадеш е лошо, дека тоа има последици?! Самиот факт што кражбата се казнува во секој правен систем и се посочува како крајно неморален чин во секоја религија јасно покажува каде треба да стоиме, нели моралните норми воспоставуваат што се проценува како добро а што како лошо однесување во едно општество?

Во текот на неделата се соочив со два еклатантни примери кои појаснуваат и уште еднаш потсетуваат зошто јавниот морал стигнал до вакво дереџе.

Првиот пример покажува дека на мали нозе сега не се учат баш некои познати, отсекогаш постоечки морални вредности, туку некои други, поинакви, “модерни”, и “практични” вредности. Секој човек со носталгија се сеќава на својот прв училишен ден.

Првачињата од оваа школска година, кои беа “почестени” во нивните редови да учат и децата на “врвни” политичари, од кои едниот сеуште де факто премиер, а другиот градоначалник, се соочија со такви “вредности” и индиректни пораки од типот: “политичката моќ е посилна од се”, додека пак во друга земја, уставна монархија (Холандија), кралот одлучува да ја испраќа својата ќерка сама со велосипед на нејзиниот прв училишен ден, за да и овозможи да ја почувствува магијата на тој прв ден, и да се чувствува како сите други соученици.

Можам само да замислам како нашите првачиња се чувствуваа тој ден. Во нивните мали глави тоа што се случи се преведува вака: „Ако татко ти е претседател на моќна партија, сите други деца тебе ќе те пречекаат во ред, а и класната можеш да ја избираш. Не за друго, туку за да научиш француски и да можеш да зборуваш со Холандската принцеза за нејзиниот точак и твојот мерцедес со екрани на задните седишта. Нели сите кралски семејства учат француски?!”.

Со текот на времето тие деца ќе пораснат, и ќе можат да разберат дека дотичниот поранешен а де факто сегашен премиер бил обвинет за тежок криминал, поврзан токму со тие дела со кои се согласуваат околу 40% од населението според горенаведената анкета, и секогаш ќе се сеќаваат на својот прв училишен ден. Било какви морални лекции од баби или дедовци или пак родители или некој “заостанат” учител, ќе избледат, а моралот кој ќе се изгради кај тие деца е тој за кој зборува анкетата на АГТИС.

Образовниот процес има свој почеток и крај, иако истиот според новите стандарди може да биде доживотен (Life long learning и сето тоа).

Првачињата од пред неколку години сега се веќе студенти. Некои од нив имале „чест” да имаат професор кој прифати да биде министер за еден ден. Е сега пак се враќаме кај јавниот морал, според кој некоја one night stand девојка веднаш ќе се прогласи за знаеме што, меѓутоа one night stand министерот останува професор со сите звања и чинови. Па се снашол човекот, дури да било тоа и за еден ден, нели? Професор си е професор мора да се снајде.

Ете така, во нашиот прекрасен образовен систем тие професори не само што пренесуваат широки „познавања” од својата област туку и воспоставуваат морални вредности, бидејќи сепак, во образовниот систем не се учи само знаење туку се учи и морал. И така, полека, систематски, чекор по чекор, од прво во второ одделение, па во гимназија и заклучно на универзитет (кој притоа треба да биде место на градење на критичката мисла), на крајот полтронството станува новиот јавен морал.

И така, секој ден станува се појасно зошто е таква ситуацијата со јавниот морал и зошто резултатите од оваа но и од други слични анкети делуваат така разочарувачки. А што може да се очекува кога самите тие државни институции, било да се образовни или здравствени или правни, веќе долго време произведуваат, дистрибуираат и пренесуваат таков морал?

Дотолку повеќе е загрижувачки фактот што јавниот морал долго време се гради, и му треба долго време да се измени. Така што, мораме да бидеме свесни дека неговата промена ќе одземе време, долго време.

Првиот чекор кон промената на тие веќе цврсто воспоставени ставови мора да биде понесувањето одговорност: едноставно мора да се отрезнеме како општество дека одредени работи кон кои прагот на толеранција ни е и те како висок, се не само погрешни туку и срамни, неморални и нечовечки, и како такви, мораат да бидат казнети!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.