Пратеникот од редовите на СДСМ, Масим Димитриевски синоќа во кафеаната „Палас“ во Куманово бил физички нападнат од десетина лица.
Напаѓачите во алкохолизирана состојба, прво вербално го провоцирале Димитривески , а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со него.
Како што тврди тој, се обидувал да не подлегне на провокациите, но реагирал бидејќи со него била и сопругата.
Пратеникот го пријавил случајот во МВР, и вели иако е обид да биде заплашен, тоа нема да му успее на никого.
Максим Димитриевски за НОВА вели лично не ги познава луѓето кои го нападнале и вели не сака да шпекулира кои биле тие се додека истрагата е во тек.