Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО обединет во политиката кон Русија, следниот самит 2017 во Брисел

0
By Нова ТВ on July 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 9, 2016 15:50

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска порача дека лидерите на Алијансата се согласиле да ја одржат заедничката политика на одвраќање на Русија од агресивната политика и воедно за продолжување на дијалогот со Москва.

На вториот ден од Самитот што се одржува во Варшава тој изјави дека “главната порака гласи дека Алијансата е обединета и дека настапува заеднички“.

Тој изрази задоволство што гледа колку таа порака во НАТО е важна и колку лидерите на Алијансата единствено стојат зад таа порака.

– Пораката е дека нашите односи се засновани на одбрана и дијалог, рече Столтенберг.

На прашањето дали се согласува со коментарите што вчера ги изнесе францускиот претседател Франсоа Оланд дека Русија не е закана туку партнер, Столтенберг одговори дека НАТО сега се наоѓа во сосоема нова ситиација.

– Не гледаме ниедна моментална закана против кој било сојузник на НАТО, изјави тој, додајвајќи дека Русија не е стратешки партнер на Алијансата бидејќи не се во стратешки односи, иако НАТО се обидел да ги развие, но дека Русија и НАТО не се ни во ситација на студена војна.

– Ние сме во една сосема нова ситуација која е поинаква од сега, заклучи генереланиот секретар на Алијансата.

За време на разговорите на вториот ден од Самитот посветен на безбедноста, лидерите на Алијансата се договориле за зајакнување на капацитети на одбрана во и надвор од границите, во Европа и на Медитеранот.

За таа цел одобрено е испраќање на 4 баталјони со вкупно 4.000 војници во Полска, и во Летонија, Литванија и Естонија, како и романско- бугарска бригада во црноморскиот регион. Меѓународниот баталјон во Летонија ќе го предводи Германија, во Полска- САД, во Естонија – Британија, а во Литванија – Канада.

– Треба да се искористи и да се подобри одбранбената структура како меѓу нас така и кај нашите сојузници. Принципот „подобро да се спречи“ е најдобар за борбата против тероризмот, изјави Столтенберг на прес конференцијата.

Една од одлуките на денешниот состанок е зголемување на капацитетите во Ирак против ИСИС, и на капацитетите за обука во Јордан. Столтенберг реше дека Албанија во тој контекс понудила да придонесе со персонал за обука.

НАТО ќе ја зајакнува и соработката со Европа не само во контекст на безбедноста, туку и против шверцот со луѓе. Столтенберг посочи дека продолжува и поддршката за Истокот при што е донесена одлука за зајакнување на безбедносните капацитеи и надвор од границите на Алијансата. За ова било разговарано и со украинскиот претседател Порошенко.

Една од одлуките е и поодбрување на трансатлантската безбедност, за што Алијансата сака да се осигура дека партнерите ќе го одржуваат мирот, стабилноста и заедничките вредности.

Столтенберг на крајот најави дека следниот самит на НАТО ќе биде во Брсиел следната година.

Балканот и источна Европа биле на дневен ред на синоќешната вечера на лидерите. Заклучокот бил дека Москва „најверојатно ќе искористи каква било ранливост“ на Западниот Балкан, во Молдавија и Украина за зацврстување на своето влијание.

Американскиот претседател Барак Обама и другите лидери на Алијансата за време на разговорот во петокот се согласиле дека е потребно да се одржи „цврст и единствен став“ за Русија и дека Москва мора да ги исполни своите обврски во рамки на договорите од Минск за да се сопрат борбите на истокот на Украина.

Лидерите на НАТО за време на вечерата посебно се фокусирале на Западниот Балкан и земјите од поранешна Југославија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.