Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема правни пречки за формирање Специјално одделение во Кривичниот суд

3
By Нова ТВ on June 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2016 10:51

Законот за судови и Уставот дозволуваат основање на судско одделение кои ќе се бави со обвиненијата за предметите кои ќе произлезат од Специјалното обвинителство, коментираат правните експерти.

Формирањето на Специјално судско одделение надлежно за специфична проблематика е познато во светската пракса, а за него нема никакви правни пречки ниту во македонскиот правен систем, велат познавачите.

Според професорот Осман Кадриу, Уставот забранува вонредни судови и затоа доколку не се промени Уставот не е можно да се формира Специјален суд, кој наликува на вонреден суд.

„И сега остана другата правна можност, во рамките на дегашната судска власт, формирање на Специјално одделение при Кривичниот суд. Постапката мора да се уреди со измени во Законот за судовите, во кои ќе се наведе како и на кој начин би се извршил изборот на специјалното кривично одделение. Најдобро би било Парламентот да го има главниот збор“, вели Кадриу.

Тој додава дека Собранието може да постапи слично како и за Специјалното обвинителство, кога со посебна глава на одредби се интервенираше во Законот за јавно обвинителство, во кој се вгради посебен дел за СЈО.

„Во тој закон, треба да се предвиди каква надлежност ќе има Специјалното кривично одделение и конкретно за кои кривични дела ќе делува. Покрај надлежноста, треба да се предвиди бројот на судиите и постапката за нивен избор. Или ќе биде овластен Судскиот совет да го врши изборот, или можеби и самиот парламент, да го изврши изборот бидејќи се работи за една специфична функција на судот кој ќе се занимава со аферите од ‘бомбите’“, вели Кадриу.

Уставната судијка Наташа Габер- Дамјановска во интервју за НОВА рече дека доколку се појави потреба, законот го дозволува функционирањето и основањето на судови кои се бават со одредена надлежност.

„Мислам дека Законот за судови има одредба и веќе го дозволува тоа, ако праксата го покаже тоа, можеби и би требало да се основа. Не би можела да кажам некој цврст став, бидејќи не сум внатре во институцијата, не можам од прва рака да видам како функционира, но ако нема ефективно процесуирање на предметите, тогаш најверојатно би требало“, коментираше Габер- Дамјановска.

Ваквите специјални судски одделенија се познати во светската пракса. Специјален суд постои во Белград, додека во многу места како на пример во Италија се формирани посебни одделенија кои се занимаваат со конкретна проблематика, велат правните експерти.

Според адвокатот Александар Тортевски, во Македонија повторно се зависи од политичка волја.

„Треба да се изберат судии кои чесно ќе си ја вршат функциијата. Најважно е кој орган ќе ги бира судиите. Ако ги бира Републичкиот судски совет како досега, таму владејачкото мнозинство има клучно влијание и пак ќе ги избере истите. Затоа основно прашање треба да биде на кој начин ќе се изберат квалитетни судии“, вели Тортевски.

Од ДУИ преку медиумите вчера најавија дека тие би поддржале формирање на Специјално одделение во Кривичниот суд, кое ќе се занимава со предметите кои ќе произлезат од содржината на „бомбите“.

„Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори или по кругови. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот договор. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање на канцеларија или посебен оддел кој ќе се занимава со случаите на СЈО“, рече Бујар Османи за Алсат.

Во јавноста се шпекулира дека формирањето на специјалното одделение е дел од преговорите на партиите потписнички на Пржинскиот договор, но засега тие негираат дека предлогот е на маса.

Анализата е изработена во соработка помеѓу НОВА и ПортАлб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.