Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 29, 2026 10:36

До: Африм Гаши, претседател Собрание на Република Северна Македонија Датум: 28.07.2026 год. Предмет: Барање за итно стопирање на донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието на Република Северна Македонија веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на таа Фондација да не се применува Законот за јавните набавки.

Платформата смета дека Фондацијата, која ќе биде основана од Град Скопје и финансирана од буџетот, а и од пари од Европската Унија, е правно лице кое по сите основи треба да има статус на договорен орган кој мора да ги применува одредбите од Законот за јавните набавки. Исклучувањето на идната Фондација како договорен орган од обврската да го почитува Законот за јавни набавки создава нееднаквост на институциите пред законот.

Платформата го препознава исклучителното културно и општествено значење на проектот и потребата тој да биде навремено и успешно реализиран. Меѓутоа, значењето и обемот на проектот, како и значителните јавни средства што ќе бидат употребени за неговото спроведување, бараат повисоко, а не пониско ниво на транспарентност, отчетност и заштита од корупција.Оттука, загрижува што во Предлог- Законот не се предвидуваат само тесни исклучоци за уникатни авторски или уметнички услуги, туку целосно се исклучува општиот систем на јавни набавки, вклучително и за стандардни стоки, услуги, опрема, инфраструктурни и градежни работи за кои постои ефективна пазарна конкуренција.

Платформата предупредува дека усвојувањето на ваков закон создава преседан. Изземањето на еден субјект од Законот за јавните набавки со посебен закон воспоставува опасност со високи ризици од корупција која може да се повтори за секој иден проект прогласен за приоритетен. Дополнително, иако Советот на Град Скопје ја основа Фондацијата како правно лице, градоначалникот е тој што ги именува и разрешува членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Фондацијата, а не Советот.

Покрај широката дискреција што му е доделена на градоначалникот во процесот на именување и разрешување, за овие функции како и за функцијата директор, не се предвидени никакви минимални критериуми и стандарди што кандидатите треба да ги исполнуваат, ниту е пропишана ниту постапка за спроведување на изборот. Вака поставениот предлог закон не создава услови со кои се гарантира избор на стручни и професионални кадри што ќе управуваат со Фондацијата.

Истовремено, Одборот на Фондацијата го усвојува планот за набавки, ги формира комисиите, одлучува за определени набавки и одлучува по приговорите на учесниците во постапките. Со тоа се концентрираат нормативните, управувачките и контролните овластувања во рамките на истата структура, без независна жалбена заштита и без гаранциите што ги обезбедува Законот за јавните набавки. Објавувањето на договорите и последователната ревизија се важни механизми, но не можат да ги заменат јавната конкуренција, однапред утврдените законски постапки и независната правна заштита. Предлогот е поднесен по скратена постапка, не е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи и за него не е спроведена антикорупциска проценка на регулативата. За пропис чија содржина е изземање од контролни механизми, отсуството на јавна расправа претставува дополнителен ризик.

Оттука, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесување на овој Предлог-Закон и да го одбие неговото разгледување по скратена постапка. Предлагачите да го повлечат предлогот и да го достават на јавна консултација преку ЕНЕР, со спроведена процена на влијанието на регулативата и без одредби со кои се отстапува од Законот за јавните набавки. Исто така, Платформата ја повикува и Државната комисија за спречување на корупцијата да го разгледа Предлог-Законот од аспект на корупциските ризици и да достави мислење до јавноста и до Собранието.

Со почит, Платформа на граѓански организации за борба против корупција Доставено до: -Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисија за култура и туризам при СРСМ -Александар Велјановски, претседател на Законодавно-правна комисија при СРСМ – Адем Чучуљ, претседател на Државна Комисија за спречување на корупцијата

антикорупвија грашамска култура 2028 Платформа Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.