Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова Македонија: Димитровски наметнувал лични ставови

0
By Нова ТВ on February 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 14, 2014 12:10

Во најновото издание на весникот Нова Македонија е објавено дека причините за отказот кој вчера му беше врачен на главниот уредник Зоран Димитровски се непридржување до професионалните принципи на новинарството, наметнување лични ставови и ставови на одредени интересни групи, пласирање информации што не ја одразуваат фактичката состојба, вистината, манипулации, како и неодговорност кон граѓаните и јавниот интерес.

„Поради ваквите причини, објавува Нова Македонија, присутни во македонското новинарство, доаѓа до еснафска поделеност и до нарушување на професионализмот и на слободата на изразувањето. Слободата на говорот значи борба за вистината. „Нова Македонија“ отсекогаш била гласило на граѓаните на Република Македонија, а не гласило на партиските групации или касти. „Нова Македонија“ како медиум, чиј инвеститор е дефиниран, има своја независна уредувачка политика, која се базира на професионализам и на универзалните новинарски стандарди“.

До изборот на нов главен и одговорен уредник функцијата вршител на должноста ќе ја врши Александар Димковски, досегашен помошник на главниот уредник. Новиот главен и одговорен уредник ќе биде избран преку конкурс, се наведува во текстот на Нова Македонија.


Вчера Главниот и одговорен уредник на Нова Македонија, Зоран Димитровски, за НОВА го соопшти образложението на отказот кој вчера утрото му го врачил Минчо Јорданов.

– Отказот го добив затоа што ми беше речено од страна на Јорданов дека сум ги нарушувал професионалните новинарски стандарди и сум манипулирал политички, сум манипулирал со вистината во моите колумни.

Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани експресно реагираше со соопштение, по смената на Главниот и одговорен уредник на дневниот весник Нова Македонија, Зоран Димитровски.

-Сега веројатно на многу скептици им е појасно зошто Македонија е на 123 место во индексот на Репортери без граници за слободата на изразување. Не случајно Македонија е последната земја во слободата на изразување во регионот а на европско ниво зад нас е само Украина“, реагираше Насер Селмани претседателот на Здружението на новинари на Македонија.


„Очекуваме објаснување од сопственикот на весникот, кои се причините за сменувањето на Главниот уредник Зоран Димитровски. Новинарството е јавна професија и сметаме дека менаџментот должи такво објаснување на јавноста а посебно на читателите на Нова Македонија кои заради ваквата уредувачка политика во изминатиот период го купувале весникот. Со тоа ќе се отстранат сите сомнежи околу вистинските причини за смената на уредникот Димитровски“, рече Селмани.

Тој смета дека е симптоматично е што ваквата одлука доаѓа по распишување на претседателските избори, а во јавноста гласно се зборува дека ќе има и предвремени парламентарни избори. Постои сомнеж дека причините за смената на Димитровски можат да бидат политички.

Специјалната претставничка на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, на Твитер вчера излезе со коментар за отказот на главниот уредник на Нова Македонија Зоран Димитровски:

– Ненадејниот отказ- загрижувачки тренд кој се додава на проблематичните прашања кои ги покренав вчера.

Првиот коментар на Димитровски за НОВА беше дека „согласно изјавата на Дуња Мијатовиќ се спроведуваат законите од медиумската област“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.