Охрид никако да се смири. Ноќеска повторно имаше дури седум земјотреси па Охриѓаните не спиеја ни оваа ноќ.
Најсилниот потрес беше од 4,2 степени по Рихтер четири минути по полноќ а епицентарот се наоѓал на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри.
Потоа следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.
Од 18 јуни во Охрид и Ресен се регистирани над 1000 земјотреси. Жителите на овој регион се под постојан стрес и страв дека ќе дојде до голем потрес а властите се обидуваат со смирувачки тонови да стават на знаење дека нема потреба од страв. Сепак, ниту еден експерт не може да тврди која е причината за овие толку чести потреси.




