Од:

Објавена одлуката за изборот на Џафери

Одлуката за изборот на Талат Џафери за претседатeл на Собранието денеска е објавена во Службен весник.

Таа е отпечатена синоќа во печатницита Графички центар.

Со тоа се разрешува дилемата за законитоста на изброот на Џафери за спикер на Парламентот на 27 април, кога се случија крвавите  настани во Собранието.

Исто така со тоа почнуваат да течат десетте дена рок во кој претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој му достави потписи до 67 пратенци како доказ за формирано парламентарно мнозинство.

Џафери во меѓувреме испрати писмо со кое го информира Иванов за парламентарното мнозиство, а од Кабиентот на Иванов потврдија дека писмото го примиле.

Во интервју за НОВАТВ за време на посетата на Брисел, Џафери изјави дека седница ќе закаже кога мандатарот ќе достави предлог програма за нова влада и предлог состав за нова Влада.



Comments are closed.