Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Одложен „Пуч“) Јанева кон судијката Башеска: Како не ви е срам

4
By Влатко Чаловски on November 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2016 10:41

Поради немањето безбедносни сертификати на две судијки во постапката за „Пуч“, судијката Љубинка Башеска денеска го одложи на неопределено време, рочиштето за предметот кој е од голем интерес во јавноста.

Специјалната јавна обвинителка пак, Катица Јанева, смета дека Башеска манипулира со случајот и несфатливо и е зошто „Пуч“ се одлага веќе една година поради истиот проблем – безбедносните сертификати.

Имено поротничката во овој предмет, Олга Крстевска, како што соопшти претседателката на советот, на сопствено барање е изземена од постапката, а на нејзино место е поставена Вања Штерјова, која заедно со судијката Лилјана Ивановска Кочовски се уште немале безбедносен сертификат, што е клучно за да се одржи главната расправа.

На ова, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побара сите да ги покажат безбедносните сертификати пред јавноста, но наместо одговор, од Башеска доби опомена дека го нарушува редот во судницата.

„Нели ви е срам што го одложувате судењето цела година, го одложувате предметот и нѐ малтретирате. Бидете еднаш транспарентна во вашата кариера и покажете го вашиот сертификат“, реагираше специјалната обвинителка.

На ова, судијката ја опомена обвинителката Јанева, и во записникот запиша дека  „без дозвола на судот вика и го нарушува редот“.

И адвокатот од одбраната, Филип Медарски побара одговори од Башеска, дали истата го повикала сведокот Никола Груевски на рочиштето, но ја доби опомената која и следуваше на Јанева.

Веднаш по случувањата во судницата, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, истиот процес го карактеризираше како политички, а не како правен.

– Ова е клекнато на колена, комплетно уништено судство. Денеска претседателот на судскиот совет и Судскиот совет покажаа дека немаат намера да водат правен процес, туку водат политички процес, рече лидерот на СДСМ.

Тој вели, суштината на одлагањето се состоела во неколку моменти, односно се работи за целокупна стратегија, на како што вели тој, бандитската власт која има намера да го држи во живот процесот кој е врзан со најсуштествената тема во Македонија, тоа е кој и како го правел прислушувањето во Македонија.

– Зошто сега се купува време да обезбедат безбедносни сертификати? Зошто и денеска не е повикан единствениот сведок, Никола Груевски? Ова македонско судство мора да биде променето, судството и правниот систем воопшто не постојат, реагираше Заев.

На денешното рочиште за случајот „Пуч“ се појавија сите обвинети кои се товарат за шпионажа и насилство врз државните органи. Покрај Заев во судницата се појави и директорот на некогашната Дирекција за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и вработениот во струмичката општина Бранко Палифров, освен сведокот Никола Груевски.

Според досегашното обвинение за „Пуч“, од 2010 година, па се до јануари 2015 година, вработениот во МВР, Звонко Костовски, наводно бил поттикнат од Верушевски и Лазаревски неовластено да слуша и прислушува телефонски разговори на владини функционери, но и членови на опозицијата и тоа цели четири години, па снимките му ги давал на Лазаревски, кој, пак, ги предавал на Верушевски.

Тој, пак, според обвинението прибавувал тајни податоци и документи со намера да ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, а неговата сопруга ги преведувала на англиски јазик.

Заев, според обвинението, ги искористил снимките за да го уцени и присили премиерот Груевски да формира техничка влада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

ВЕСТИ July 17, 2026

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека…

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.