НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платформата на ДУИ во документ предложен од Владата во 2015

10
By Нова ТВ on February 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Платформата на ДУИ за албанските прашања не е новост за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, открива НОВАТВ користејќи се со официјалните документи објавени на страната на Владата. Не само што не е новост, туку од позиција на премиер Груевски во детали преговарал за точките од актуелната платформа која се наментна како средство за натпревар во наводна патриоштина од инволвираните страни во преговорите за влада, особено оние од власта. Владата на Груевски се согласила на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците и тоа идентичен на оној од платформата. Но во тоа време почнуваат „бомбите“, земјата влегува во криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот. Владата дури и препорачала во Буџетот да се превидат пари за преведувачи, промена на таблите на институциите, печатење на материјали што укажува на сериозноста со која тие планирале да го спроведат овој документ. 

Сите услови кои лидерот на ДУИ,Али Ахмети, им ги поставува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, и на претседателот на СДСМ,Зоран Заев, за формирање на нова Влада, уште пред една година се договорени во официјален владин документ.

Од она што може да утврди од текстот во документот, не се работи за федерализација, кантонизација, поделба на државата, туку за услови поставени во Охридскиот рамковен договор, а потоа и во приоритетните реформи на Договорот од Пржино.

Она што го бара Ахмети и го претставува пред гласачите дека е црвената линија за правата на Албанците, како и  патриотското „НЕ“ на Никола Груевски, всушност веќе постои во официјален документ изготвен и усвоен од владините комисии. Во продолжение НОВАТВ ви пренесува извадоци од владиниот документ кој е достапен на веб страната на владата на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор.  „Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјалната кохезија“. (отворете секција документи за преземање, втор квадрат долу десно)

ПРЕПОРАКИ ОД АНАЛИЗАТА: ЦЕЛОСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Во извештајот објавен на интернет сајтот на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, на 273 страници направена е детална анализа, донесени се заклучоци и дадени се препораки за целосна имплементација на Рамковниот договор.

При изготвувањето на документот насловен како „Преглед на Охридскиот  договор за социјалната кохезија“ учествувале шест владини работни групи, под мониторинг на ОБСЕ и Европскиот институт за мир на Питер Фејт. А, потоа извештаите биле презентирани и дискутирани со невладините организации, академски институции и политички партии во текот на октомври и ноември 2015 година.

Целосниот извештај, пишува во документот, ќе биде доставен на Советот на министри за разгледување и одобрување.

Темите за кои се донесени заклучоци и насоки се: децентрализација, правична застапеност, употреба на јазиците, образование, недискриминација и заедниците со помалку од 20% во населението.

Тоа значи дека употребата на албанскиот јазик во државните институции јасно е дефинирана уште пред една година. Во делот на употребата на јазиците во документот меѓу другото пишува:

Препораки:

Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и Уставот и признавање на јазикот како важен елемент на идентитетот и како средство за зајакнување на идентификацијата со државата и промоција на разбирањето меѓу заедниците.

Усвојување на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците, а со тоа да се појасни значењето на Амандманот V до член 7 од Уставот.

Да им се дозволи на сите граѓани да се обраќаат на централните институции на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, без оглед на нивното место на живеење, да се обезбеди превод на подзаконски акти на албански јазик, да се обезбеди автоматско издавање на лични документи на службените јазици за граѓаните од албанската заедница, да се дозволи претседавањето на собраниските седници на албански јазик, да се разјаснат одредбите за јазикот во Законот за локална самоуправа и да се опфати и градот Скопје, да се стандардизира употребата на службените јазици за сите јавни знаци, обезбедување на целосно спроведување и унапредување на јазичните права во судскиот сектор.

Платформата од Тирана копија на македонскиот владин документ

Во документот објавен на сајтот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор  една од главните препораки е основање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова ново министерство исто тоа кое беше наведено во Платформата на албанскиот партии во Тирана.

Во владиниот извештај, се препорачува Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и Агенцијата за остварување на правата на заедниците да се соединат во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, со цел правична застапеност и проактивно вклучување на сите етнички заедници.

Оставена е и можност за алтернативно решение, како на пример преку создавање на посебен сектор за спроведување на Охридскиот договор во рамките на Државниот завод за статистика, со посебни одделенија за образование, јазици, правична застапеност, децентрализацијата, недискриминацијата и за помалите етнички заедници.

Премиерот Груевски преговара за албанската платформа, граѓанинот Груевски е патриот

Пред повеќе од една година владата составена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ побарала да се спроведе анализа на Рамковниот договор. На консултациите меѓу Владата и Европскиот институт за Мир кои тогаш се одвиваа во Клубот на пратеници, меѓу другото се разговараше и за употребата на албанскиот јазик. Ако тогаш за Груевски од позиција на влада било прифатливо да разговара за двојазичноста,  сега кога треба да одвиваат консултациите за влада откако тој не успеа да ја состави, од штабот на  ВМРО-ДПМНЕ  доаѓаат изјави кои не само што не го споменуваат овој процес, туку тврдат дека за нив ова прашање никогаш и не било отворено .

Во неколку наврати откако Груевски како мандатар не успеа да се договори со Ахмети и да формира влада потенцираше дека платформата со која настапија албанските партии во преговорите за влада, за неговата партија е неприфатлива. Прашањето е, дали ВМРО-ДПМНЕ има проблем со платформата на ДУИ која ја прифати уште пред повеќе од една година, или пак ставот на ДУИ Специјалното јавно обвинителство да продолжи да функционира и да ги процесира случаите на кои работи.

Што рече ВМРО-ДПМНЕ за платформата деновиве

Во последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека „платформата на ДУИ е обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор“.

„Македонија има рамковен договор кој беше договорен во 2001та година со посредство на меѓународната заедница која, како и сите инволвирани страни,во целиот изминат период нагласуваше дека не постои можност за негово репреговарање. Оваа платформа се чини дека е токму тоа, и вистинското име на платформата е всушност обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор. Со цел да не се донесе земјата во уште по сложена ситуација, а имајќи во предвид дека повторното преговарање на Охридскиот рамковен договор е всушност отворање на пандорината кутија, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за истата платформа.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека постапката за репреговарање на охридскиот рамковен договор, преку форма наречена Платформа  може да предизвика други етнички заедници да излезат со свои платформи, односно свои барања за репреговарање на договорот од Охрид.

Зошто не се договорија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Минатиот викенд помина во знак на преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а македонската јавност беше во исчекување на одговори дали мандаторот Груевски ќе успее да состави влада во дадените тензични околности, особено за ДУИ коишто се соочуваа со бунт во своите редови насочен против нова коалиција со Груевски.

Додека траеја средбите имаше десетици новинарски екипи пред седиштето на власта, но ниту една од провладините медиуми. Но и далеку од превирањата тие објавуваа информации за текот на преговорите. На телевизијата „Сител“ се појави и вест дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатила платформата на ДУИ и дека се чека вест од штабот на поранешните коалиционери. Позитивна вест не дојде, но провладините медиуми потоа тврдеа дека тоа била грешна информација.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/02/video-1485726503.mp4

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговиот портпарол Бујар Османи, во поединечни интервју за телевизијата Телма (Османи) и телевизијата Арт (Ахмети) изјавија дека не платформата, туку СЈО била пречка за преговорите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.