Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По екстерното, учениците ќе се ослободат и од „Кембриџ“

0
By Нова ТВ on June 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По екстерното, ќе се стопира и воведувањето на програмата Кембриџ во средното образование. Ова го најави денеска министерката за образование Рената Тренеска Десковска.

Таа најави дека се бараат правни механизми тоа да се направи до почетокот на следната учебна година, додека во основните училишта каде веќе се спроведува, ќе се прават консултации дали и како може да се укине.

-Таа програма предизвика негативни реакции кај родителите, учениците и наставниците. Оние кои имаат искуство во образовниот процес, односно наставниците, посочија дека има многу недоследности, почнувајќи од тоа како е структуирана програмата, несоодветни предводи кои содзваа конфузија, вели Тренеска Десковска.

На дебатата „Реформирање на неуспешните реформи“ организирана од институтот Прогрес, министерката за образование најави и намалување на бројот на часови за основниците и на административните обврски за наставниците, односно намалување на бројот на предмети во основното образование, помал број ученици во паралелките, намалување на бројот на часовите на наставниците со повисоки звања и подолг стаж за да можат да бидат ментори на помладите колеги.

-Многу работи треба да се сменат, особено неуспешните новини на претходната власт поради што само богатите можеа да овозможат квалитетно образование на своите деца, рече професорот Петар Атанасов.

Универзитетските професори побараа нов закон за високо образование, кој според професорот Александар Спасов од „Прогрес“,  мора да се изготви заедно со академската јавност. Ќе се инсистира и на нов начин на финасирање на високото образование, како и на измени на уписната политика.

Екс-советникот на министерот за образование на Финска, Еса Суоминен објасни дека најдобриот светски образовен систем, кој го постигнала Финска, се телелел врз бесплатно образование за сите, каде талентираните ученици можат да аплицираат за понатамошно бескрајно школување, како и интеграција на учениците со посебни потребни во нормалниот образовен процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.