Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекината седницата за Зврлевски, пратениците ќе оделе на слава

0
By Нова ТВ on July 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 12, 2017 18:59

На продолжението од денешната расправа за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, по неговото излагање, пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов рече дека го знае обвинителот откако е адвокат, но дека сега застанал на страна на како што рече, криминалната врхушка.

Тој рече дека Зврлевски свесно го застарел случајот со земањето мито од Македонска банка и не презел речиси ништо за упадот во Собранието на 27. април, за Актор и за многу други случаи.

Откако неговото обраќање од говорницата неколку пати беше прекинувано од страна на пратениците од опозицијата, Шилегов рече дека не би било чудно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно да ги внесат насилниците кои тепаа пратеници и новинари на крвавиот четврток со цел да не се разреши Зврлевски.

Иако спикерот Џафери најави дека денешното продолжение ќе трае и после 18 часот, поради паузата што ја побараа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, тој сепак ја прекина, по процедуралните забелешки од пратениците Илија Димовски и Антонијо Милошоски дека Џафери треба да има разбирање за верскиот празник Свети Петар и Павле, денеска и утре, и седниците да не траат подолго од вообичаеното, исто како што тие имале разбирање за рамазанскиот пост.  Седницата продолжува утре, а за расправа се пријавени 80 пратеници.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски на денешната седница на Собранието на која се расправа за негово разрешување, од говорницата порача дека тој компетентно и чесно ја вршел својата функција, и ги обвини Владата и Советот на јавни обвинители дека не дале основа зошто барале тој да биде разрешен.

– Во предлогот се наведува дека незаконито и нестручно сум ја извршувал функцијата и дека со неповедувањето на кривични постапки сум го довел во прашање угледот на функцијата. Ништо од ова не е точно. Дека тоа е така, потврдува и предлогот каде што нема ниту една точка каде што се објаснува како и кога нестручно сум ја извршувал функцијата, рече Зврлевски.

Според него, пратениците од парламентарното мнозинство со нафрлените случаи покажале непознавање на функцијата на Јавното Обвинителство и на неговите обврски.

– ЈО нема обврска да поведува кривична постапка и да запира. Основните јавни обвинители се самостојни во своето одлучување. Секое влијание а и прифаќање на влијанието покажува дека е сторена злоупотреба. Јас не сум влијаел на никој да поведе или не поведе постапка. Апсолутно сум бил во тек со сите случаи, порача Зврлевски.

Тој наброи неколку случаи меѓу кои „Актор“, „Македонска банка“, „Сеад Кочан“, насилствата во Собрание и други.

– За.27 април отворена е истрага за истражување на сите околности за сите дејствија. Истрагата не е затворена и се работи компетентно и стручно. ОЈО ќе го процесуира она што МВР го открило, рече Зврлевски.

Тој упати критика и до Советот на јавни обвинители.

– Советот на јавни обвинители не кажа ни зошто ни како ни врз основа на што дал позитивно мислење на барањето на Владата за мое разрешување. Тие немаат ниту една претставка и наназад 4 години позитивно ја оценуваше работата на ОЈО…а не дадов оставка бидејќи сметам дека нема причини, но имајќи ја предвид негативната пропаганда, свесен сум дека со мене ќе се случи тоа што се случило и претходно, дека ќе бидам разрешен. Тоа воопшто нема да ме повреди туку ќе бидам во редот на најдобрите, порача тој.

Тој потенцираше дека работел одговорно и совесно во согласосност со законот и Уставот и дека немал врска со политиката и бил познат како професионалец и добар обвинител.

– Ако ме разрешите тоа нема да претставува реформа, заврши актуелниот Јавен обвинител во својот говор од собраниската говорница.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.