Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведен па пуштен Достовски, активист за легализација на марихуаната

3
By Нова ТВ on July 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 29, 2016 11:09

Приведен па пуштен Достовски, активист за легализација на марихуаната

Полицијата вчера го привела, за по неколку часа да го пушти на слобода, активистот на Зелена Алтернатива и поборник за легализација на марихуаната во медицински цели, Филип Достовски.

Неколку часа во полициска станица поминал вчера активистот за легализација на марихуаната во медицински цели, Филип Достовски. Тој бил кај пациент на кого му правел масло од канабис, кога примил повик од неговиот татко, дека полицијата го чека дома и го претресува неговиот дом.

„Бев во полиција од седум до 12 часот и полицајците беа коректни. Дома беше извршен претрес во кој беше најдена количина на марихуана дадена од болни пациенти за правење масло од канабис, како и див коноп кој се користи за ЦБД масла и за епилепсија. Откако заврши испрашувањето, пуштен сум  да се бранам од слобода“, изјави Достовски за НОВА.

Тој не крие дека прави масло од канабис за пациенти кои се болни од рак и дека понекогаш кај него луѓето доаѓаат со марихуана за да ја оцени дали е доволно добра за да се создаде масло.

„Засега постапката тече и уште не знам за што точно ќе ме товарат. Она што е најдено ќе оди на вештачење, има можност да добиеме и кривична пријава и затвор. Пуштен сум да се бранам од слобода“, вели Достовски.

Според него, приведувањето е поврзано со неговиот активизам за маслото од канабис. Тој вели дека полицијата вчера посетила уште еден активист од „Зелена алтернатива“.

Од МВР засега не се достапни за коментар за случајот со приведувањето. Достовски е познат во јавноста по неговата борба за легализација на марихуаната. Тој имал рак на белите крвни клетки (Хочкинов) синдром и верува дека маслото од канабис му помогнало болеста да не се врати повторно.

Во Македонија беше донесен Законот за употреба на масло од канабис во медицински цели, по што дозвола за негово производство доби фармацевтската компанија Реплек. Но, маслото за медицински цели кое содржи ТХЦ, се уште не е почнато да се произведува и го нема во аптеките. Во моментот, во аптеките може да се најде само масло кое нема ТХЦ и е дополнување на конвенционалната терапија. Во таква ситуација, пациентите се уште се снаоѓаат и го купуваат маслото на црно.

Во продолжение емисијата на НОВА со активистите на Зелена Алтернатива, Достовски и Давор Ангеловски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.