Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самохран родител на дете со леукемија:Три месеци нема посебен додаток

1
By Менче Атанасова Точи on March 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе трет месец  Даме Тренчовски не добил пари за посебен додаток за неговиот син кој боледува од леукемија. Тоа се единствените средства од кои живее овој самохран родител  на две деца од струмичко Бања Банско. Министерството за труд и социјала се уште ги нема исплатено средствата од 6 500 денари иако Решението за додатокот, по обновата на документите му стигнало уште во средината на минатиот месец.

„Решението стигна на 16 ти февруари, а документите за обнова беа поднесени на 10 јануари. Не знам зошто парите се уште не се стигнати. Додатокот го земам како самохран родител на две деца, од кои едното е болно од леукемија. Работам земјоделие, но фирмата што ја имав регистрирано згасна бидејќи морав да се грижам за детето, да го носам на лекување во странство “, изјави за НОВА, Даме Тренчовски.

Приказната на овој човек е неверојатна, фрапантна. Тој не добил ниту конзилијарно мислење од лекарите за да го лекува својот осумгодишен син во Италија. Фондот за здравство пред две години не платил ниту денар за ова дете, на кое му била извршена трансплантација на коскена срцевина во Италија.

Трансплантацијата која чини 130 000 евра била направена товар на италијанскиот фонд за здравство, благодарение на роднините што ги има Даме во оваа земја.

„Парите ми с е неопходни. Зарем не треба да му купам по јака храна, овошје, витамини на детето. Се спремаме во април да одиме на контрола во Италија и тоа треба ние да го платиме“, вели Даме.

Овој самохран родител не е единствениот што три месеца чека на парите кои му следуваат од Министерството за труд и социјала. Во редакцијата на НОВА се јави една мајка која плачеше бидејќи нема пари ниту за лекови, ниту з а храна на своето дете со посебни потреби.

„ Веќе трет месец не сме добиле ниту денар. Решение имаме, пари нема. Службеничката на шалтер ми рече дека не ја интересира дали имам пари за лекување и лекови на ќерка ми , рече да чекам до следната исплата и да не и се појавувам веќе на шалтер. Некои родители велат дека немаат решенија, а добиле пари. Други имаат решенија, немаат добиено пари. Не знам по кој критериум се исплаќаат средствата. Пари нема ниту за трето дете“, рече Анче Николова Туфекџиева.

Родителите се во паника, тоа се средства со кои ги покриваат основните работи за своите деца. Од Министерството за труд и социјала нема одговор зошто на некои родители им се исплатени средствата, а на некои не. По кој критериум е вршена исплатата, кога ќе бидат исплатени средствата на најголем дел од корисниците. Минатата недела од таму се правдаа дека исплата доцни поради обнова на документите што се прави на почеток на секоја година. Во петокот на веб страната на Министерството осамна соопштение дека се исплатени средствата за повеќе права од социјална и детска заштита.

„Извршена е исплата на правото на мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, социјално домување, парична помош за згрижувач, парична помош за студирање, детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете и единствен родителски додаток“, се вели во соопштението.

Сепак,ситуацијата на терен покажува дека не е така, односно дека само на мал процент од луѓето им се исплатени средствата. Родителите се препукуваат на социјалните мрежи, револтирани што државата ги остави на цедило три месеци, без пари. И додека државата одлучи кога ќе им ги исплати средствата на болните и немоќните, тие ќе останат во исчекување исто како и самохраниот родител Даме Тренчовски со своето дете, болно од леукемија.

 

 

посебен додаток
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.