Сатиричниот француски магазин Шарли Ебдо е критикуван на социјалните мрежи поради карикатурата на која жртвите од земјотресот во Италија неодмна се претставени како јадења од тестеини.
Карикатурата се однесува на градот Аматиче кој беше најтешко погоден од земјотресот што минатата недела се случи во централна Италија.
Инаку Аматриче е познат по шпагетите „аматричијана“, тестенини со доматен сос и шунка.
На карикатурата се прикажани повредени маж и жена како стојат до урнатини од кои наѕираат стапала. Секој од овие ликови има име на некое јадење од тестинина.
Мажот кој е во завои е наречен тестинини пене во доматен сос, додека жената со изгореници е пене гратин, додека телата под урнатините се лазања, а над сето тоа има наслов „Земјотрес во италијански стил“.
Карикатурата која веднаш беше споделувана на социјалните мрежи наиде на жестоки критики глобално и во Италија и се најде на страниците на националникте весници Ла Стампа и Кориере дела Сера.
Не е пчрвпат Магазинот Шарли Ебдо да биде вака критикуван. Во 2015 година тој објави контроверзна карикатира на младиот сириски бегалец Алан Курди кој се удави бегајќи од војната, како и контровезни слики за Мухамед.
Сепак и покрај контроверзнста, весникот се смета за искра на слобода на говорот, а многумина од нивните фанови го користат хаштагот #JeSuisCharlie во знак на поддршка на магазинот и неговите објави особено по нападот врз канцелариите лани.
Но последнава карикатура се чини е тест за трпението на оние кои го поддржуваат.