Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Проектот Панорамско тркало е стопиран

18
By Нова ТВ on October 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје 2014 ќе престане да се гради и проектот ќе биде подложен на ревизија, рече Петре Шилегов одговарајќи на прашањето на Борјан Јовановски во емисијата „Ноќно студио“.

-Во моментот е стопирана градбата, постојат неколку варијанти како да се продолжи понатаму, една од опциите е мост. Дел од техниката е пристигната во Скопје, дел е платена. Ќе мора многу внимателно да влеземе во сериозна анализа. Во реката Вардар недозволиво е да имаме ваков објект и тоа нема да се најде таму – рече Шилегов.

Петре Шилегов кој освои најмногу гласови од гласачите во Скопје, вели дека поранешниот градоначалник Коце Трајановски се уште не му се јавил да му честита за победата и дека тоа е одраз на политичка некултура.

-Јас кажав уште во време на кампањата, кога имав средба со архитекти, ниту една одлука нема да биде носена во канцеларијата на градоначалникот на градот Скопје. Секогаш во носењето на одлуката ќе биде вклучена и стручната јавност. Мојот став е ирелевантен и од оваа позиција ако го соопштам ќе влијае на општиот став. Ќе има интервенција по сугестија на стручната јавност. Ќе се потрудиме да најдеме оптимално решение за постојниот изглед на објектите – рече Шилегов , одговарајќи на прашањето што ќе се случува со проектот Скопје 2014, за кој постои огромен револт кај гласачите кои му ја дадоа својата доверба на Шилегов.

На прашањето, каков е неговиот план за во декември и како ќе покаже дека е поразличен од претходниот концепт на управување со градот, Шилегов одговори дека уште во ноември ќе се започне со чистење на Скопје, односно со миење на улиците, кои според него се запуштени и нечисти, полни со прав.

Шилегов се плаши дека доколку некои од скопските општини имаат градоначалнци од ВМРО ДПМНЕ, тие ќе бидат инаетливи и ќе се соочува со потешкотии при носењето мерки против загадувањето.

-Ќе го зголемиме инспекцискиот надзор кој ќе биде 24-часовен. Постојат, а не се лоцирани се уште, места и субјекти кои прават загадување на градот Скопје – рече Шилегов.

Тој најави дека во 2018 година ќе ја започне секундарната гасификација на градот Скопје,  со која според него граѓаните ќе ги загреваат своите домови поевтино и еколошки поптифатливо.

– Јавниот градски превоз ќе биде бесплатен во најзагадените денови, а ќе има и сообраќајни рестрикции. Ќе се ревитализираат железничките станици. Станицата Скопје Север ќе стане главна градска железничка станица – најави Шилегов.

Сепак, според него, не можеме да очекуваме спектакли во првата сезона.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.