Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО поднесува две обвиненија

23
By Нова ТВ on September 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две обвиненија до Кривичниот суд денеска ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти на денешната прес-конференција обвинителката Катица Јанева.

Првото обвинение e за  уништување на докази за прислушувањето, за кое СЈО товари 7 лица, а второто обвинение, се однесува на нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за време на седница на општинскиот Совет, кога се случи протест пред Општината.

Двете обвиненија ќе се поднесат по скратена постапка, a oд СЈО велат дека очекуваат осудителни пресуди.

-Првиот предмет е од огромно значење на мандат на ова Обвинетелство. Се работи за уништување на документација поврзана со системите за прислушување. Преземајќи истражни дејствија за тоа кој и зошто неовластено прислушувал, Обвинителството прибави доказен материјал и за други кривични дела. Од доказите произлезе дека првообвинетитот незаконито формирал Комисија и 2 047 службени списи биле уништени.

Според доказите првообвинетитот во својство на началник од УБК издал усна наредба за годишно ништење на материјали, иако законските акти не дозволуваат обвинетиот да формира таква Комисија. Целта била да се уништат списите поврзани со работата на системите за следење на комуникациите. Целото ништење е направено спротивно на сите службени акти, и обвинетите лица без никаква процедура за ништење ги запалиле материјалите, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа посочи дека уништени се и класифицирани информации.

Во вториот предмет, СЈО отвора обвинение по телефонски разговор содржан во прислушуваните материјали, а кој опозицијата го објави јавно. Првообвинетиот е дел од извршната власт.

-Разговорот е воден откако веќе била закажана седница на Советот на општина Центар. Произлезе сомнение за потикнување насилство. Ова јавно обвинителство презеде низа активности дали содржината на снимката има своја завршница.Поради наведените причини беа прибавени голем број видео записи, материјални докази, а беа испитани и 20 сведоци. Дел од сведоците побараа заштита, рече Фетаи.

Обвинитението е поднесено против 14 лица за кривичното дело насилство од кои 5 лица се обвинети како поттикнувачи и за 9 лица како директни извршители на насилството.

-Од доказниот материјал произлезе дека во месец јуни првообвинетиот побарал, а второобвинетиот прифатил да извршат грубо насилство спрема градоначалникот на општина Центар. Анализите кои ги направи ова Обвинителство упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за ова се чисто лукративни, за остварување на бизнис интересите на партискиот врв, рече Фетаи.

>>>Што слушна јавноста во бомбите за настаните пред општина Центар

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025
ФОКУС

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

ВЕСТИ October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу…

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025

Брисел: Наместо одобрените 70 Македонија од ЕУ ќе добие само 16 милиони евра – не сме ги завршиле „домашните задачи“

October 18, 2025
ТИКЕР

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.